Италија забрани патувања од 21 декември до 6 јануари

МИА/КАЈГАНА
/ 03.12.2020 / 13:47

Италијанската Влада денеска соопшти дека воведува забрана за патувања за време на новогодишните празници, со цел да се обиде да спречи ширење на коронавирусот.

Новите правила, заедно со актуелното кое вклучува полициски час, ќе се обидат да ја запрат циркулацијата на вирусот низ земјата за време на празничниот период, со ограничување на бројот на луѓе собрани на едно место.

URL

– Ако сега го спуштиме гардот, третиот бран е веднаш зад аголот, изјави министерот за здравство Роберто Сперанца.

Патувањата меѓу италијанските покраини ќе бидат забранети од 21 декември до 6 јануари, а на луѓето нема да им биде дозволено да го напуштат местото на живеење на 25, 26 декември и 1 јануари.

URL

Исто така, „сериозно се советуваат“ граѓаните да не одат кај пријатели, роднини, соседи, и да бидат само со членови на семејството.

Другите ограничувачки мерки ќе бидат воведени во текот на денов, а се очекува секој што ќе влезе во Италија да биде должен да помине десет дена во карантин, почнувајќи од 20 декември.

Овој потег е осмислен со цел да ги спречи Италијанците да одат во ски-центри кои се отворени во некои европски земји.

Кафулињата и рестораните ќе останат затворени во регионите кои се во црвена или портокалова зона, додека во жолтата зона, угостителските објекти можат да работат до 18:00 часот, додека полицискиот час е во сила низ целата земја од 22:00 часот.

Во жолтите зони, каде што рестораните се отворени до 18 часот, Владата сè уште размислува дали да им дозволи на овие објекти да служат ручек на Божиќ и ден подоцна, на 26 декември.

Скијачките центри ќе бидат затворени, а нема ниту крстарења.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе