Италијански медиуми: Милан го продава Ребиќ

Милан е подготвен да го продаде хрватскиот офанзивец Анте Ребиќ (28), но не за помалку од 20 милиони евра, објавија италијанските медиуми.

Ребиќ пристигна во Милан во септември 2019 година на позајмица од Ајнтрахт, а една година подоцна „Росонерите“ го откупија неговиот договор.

Поранешниот хрватски репрезентативец импресионираше со своите игри и во првите две сезони постигна 23 гола.

Сепак, следеа повреди и лоши игри и во минатата сезона, во која Милан ја освои титулата, тој постигна само три гола во сите натпреварувања. Италијанските медиуми наведуваат дека доаѓањето на Дивок Ориги е знак дека Милан е подготвен да го продаде Ребиќ, но не за помалку од 20 милиони евра.

Пред да дојде во Милан, Ребиќ играше за Ајнтрахт, Верона, РБ Лајпциг, Фиорентина и Сплит. За хрватската репрезентација забележа 42 настапи, постигна три гола и беше важен играч за освојување на второто место на Светското првенство 2018 година.

Последниот натпревар во репрезентативниот дрес го одигра на ЕП 2020 против Шпанија во осминафиналето. Тој по поразот од „Фуријата“ го критикуваше селекторот Златко Далиќ кој повеќе не го кани во репрезентацијата.

Тагови
реклама

Кошарка

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе