Партнерство на Телеком Фондацијата и Црвениот Крст

Итно копче – технологија која спасува животи

По повод 17 мај, Денот на телекомуникациите, Фондацијата Телеком за Македонија и Црвениот крст на Република Северна Македонија најавија партнерство за поддршка на повозрасната популација, со помош на технологијата.

Партнерството го опфаќа проектот Итно копче, преку кој  со помош на  дигиталната технологија се обезбедува сигурност и поддршка на лица постари од 65 години.  Корисниците ќе можат да го алармираат тимот на Црвениот крст во ситуација кога итно им е потребна помош, преку уред кој секогаш ќе го носат со себе, со едноставно притиснување на копче.

Тимот е составен од обучени лица кои можат да пружат прва помош, прва психолошка помош или веднаш да ги траспортираат корисниците до релевантните институции, во зависност од случајот.

Итно копче им пружа помош на корисниците 24 часа на ден, 7 дена во неделата.

Со проектот, за почеток ќе бидат опфатени 110 корисници од Скопје, кои живеат сами и имаат потреба од итна реакција.

Ова е услуга која е нова во регионот, но веќе се практикува во повеќе европски земји со одлични резултати. Проектот се реализира со поддршка на Австриската Агенција за развој, Австрискиот и Швајцарскиот Црвен крст и проектот Инкаре, поддржан од Европската Комисија.

Преку ова стратешко партнерство Телеком Фондацијата и Црвениот крст ја користат технологијата како алатка преку која ќе се спасуваат животи и ја подигаат свеста за грижата за повозрасната популација.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе