Федерико Кјеза (26) е подготвен да го напушти Јувентус. La Gazzetta dello Sport дури тврди дека италијанскиот репрезентативец им поставил ултиматум на клупските челници.
Енрико Кјеза сезонава не игра на вообичаеното ниво откако се опорави од тешката повреда.
Иако за неговите стандарди италијанскиот репрезентативец постигна скромни 8 гола и 2 асистенции, Јувентус би сакал да го задржи, но сѐ уште нема никаков напредок во преговорите.
Неговиот актуелен договор е до 2025 година, што значително го намалува просторот за маневрирање на клубот.
Кјеза на лето би можел да влезе во последната година од договорот и тоа ќе биде последна шанса за клубот да заработи од неговиот трансфер.
La Gazzetta dello Sport пишува дека Кјеза своето потенцијаленно останување во клубот го условува со ултиматум. Весникот со розеви страници пишува дека Кјеза на затворен состанок јасно им кажал на клупските челници дека сигурно ќе го напушти клубот доколку Масимилиано Алегри остане тренер и наредната сезона.
Сериозен интерес за Кјеза покажува Рома, односно нејзниот тренер Даниеле Де Роси, кој ќе ја доби довербата да го предводи тимот и наредната сезона.