Избеган циркуски лав неколку часа сееше страв низ улиците на италијанско гратче

Предаторот речиси 6 часа шетал по улиците на едно гратче во близина на Рим.

Лавот кој побегнал од патувачки циркус во италијанското гратче Ладисполи во саботата шетал по улиците речиси 6 часа, предизвикувајќи паника меѓу жителите.

Алесандро Грандо, градоначалникот на градот, во саботата објави дека животното избегало и ги предупреди луѓето да бидат внимателни и да не излегуваат надвор до понатамошно известување. Додаде дека бегалецот бил „веднаш следен“ и дека операцијата за негово фаќање ја водат персоналот на циркусот и полицијата. Ладисполи е 35 километри западно од Рим, на брегот на Средоземното Море.

Во меѓувреме, шокираните мештани почнаа да објавуваат снимки на социјалните мрежи од лавот како лежерно шета по улиците, изразувајќи страв и вознемиреност.

URL

По речиси 6 часа, Грандо пријавил дека предаторот бил успиен и заловен. Според италијанскиот весник Il Messaggero, за лоцирање на лавот бил користен дури и хеликоптер.

Животното првично одбивало да го јаде месо во кое имало седативи. Ветеринарите подоцна успеале да го погодат со стрелка од пушка во која имало средство за смирување, јавуваат локалните медиуми, но тоа не било доволно за да го спречат лавот и тој повторно избегал. По уште два часа, животното конечно било пронајдено заспано и вратено во циркусот.

URL

Градоначалникот истакна дека не дозволил патувачкиот циркус со животни да дојде во градот, но објасни дека не е до него да донесува такви одлуки, додавајќи дека „не може да забрани да доаѓаат циркуси со животни“. Тој истакна дека обидот за нивна забрана во 2017 година не успеал бидејќи градот ја загубил жалбата до Регионалниот управен суд и исто така морал да ги плати правните такси на тужителите. „Додека не се сменат регулативите, не можеме да направиме ништо друго“, заклучи тој.

URL

По инцидентот, Меѓународната организација за заштита на животните (ОИПА) рече дека случајот со лавот „ја нагласува опасноста од циркуси со животни од гледна точка на јавната безбедност“ и непријатноста на „сиромашките суштества принудени на заробеништво за да се користат за забава“. ОИПА повика на забрана за циркуси со животни, посочувајќи дека настапите само со акробати и кловнови можат да бидат едукативни и да го покажат човечкиот талент.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе