Издржала удари со камшик затоа што не сакала да стави шамија: Исповед на девојка од Иран

Макфакс
/ 09.01.2024 / 15:58

Роја Хешмати, девојка од Иран, раскажува со што треба да живеат жените во таа земја и како продолжуваат да се борат против репресивниот режим кој им ги одзема најосновните човекови права. Таа открива дека издржала 74 удари со камшик бидејќи одбила да си ја покрие косата.

Според написите на медиумите, единственото злосторство на оваа 33-годишна жена е тоа што не сакала да ја носи шамијата што ја пропишале како задолжителна.

Таа опиша сè во својата вознемирувачка објава на Facebook, која повеќе не е достапна за јавноста.

Реков: „Не сакам да го носам тоа“.

„Ќе те камшикувам толку силно што нема да знаеш каде си, ќе добиеш 74 удари со камшик“, ми рече полицаецот, но јас сепак одбив да го ставам превезот. Ме однесоа во некој подрум, со мене беа приведени неколку мажи, кои пиеле алкохол.

„Навистина не сакаш да го облечеш?“, повторно ме праша и јас повторно одбив. Две покриени жени ми пријдоа и повторно ми го ставаа превезот на главата. Јас го тргнав уште еднаш.

На самиот крај од подрумот имаше соба со железен кревет. Од двете страни на креветот имаше железни лисици и окови. Навистина се чувствувавме како да се вративме во средниот век, а јас како да бев во комора за мачење.

Судијата ме праша: „Госпоѓо, дали сте добро? Дали имате проблем?“ „Не“, одговорив. Тој рече: „Госпоѓо, јас сум на ваша страна“, но ниту на тоа не одговорив.

Службеникот, кој ме тепаше, ми рече уште еднаш да ставам шамија. Кога одговорив дека не сакам, почнаа ударите. Чувствував страшна болка во грбот, рамената, задникот, грбот. Веќе не можев ниту да ги бројам ударите и само шепнав: „Во име на жените, во името на животот, ропската облека се кине. Ноќта на нашето заробеништво ќе стане зора и ќе ни се залечат сите рани“.

Кога беше готово, ме изнесоа надвор. Не дозволив никој да види колку ме боли. Повторно ме изведоа пред судијата, кој ми рече дека не е среќен што ме тепале, туку дека тоа е закон и дека мора да се почитува“.

Канцеларијата на ОН за човекови права изрази загриженост за третманот на жените и девојчињата во Иран повикувајќи на распуштање на моралната полиција на Исламската Република.

Во прегледот на состојбата со човековите права во Иран, Канцеларијата наведе дека Техеран треба да воведе закон што ги штити жените и девојчињата од каква било форма на насилство, објави Reuters.

„Државата потписничка мора да усвои сеопфатен закон со кој се криминализираат сите форми на насилство врз жените и девојчињата, кои експлицитно се занимаваат со семејно насилство, силување во бракот и злосторства извршени во име на таканаречената чест“, се наведува во извештајот.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе