Изгласано: Корона помош од 2.000 долари за секој Американец

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доцна синоќа гласаше за нов, поголем износ на финансиска помош за граѓаните од 2.000 долари по лице.

Помошта беше изгласана откако демократите го прифатија апелот на претседателот Доналд Трамп да им се обезбеди на Американците поголема финансиска поддршка за време на тековната корона-криза.

Гласањето за зголемување на помошта за населението од првично одобрените 600 на 2.000 американски долари се случи само еден ден откако Трамп го потпиша пакетот буџет и економски додатоци, вреден вкупно повеќе од 2 илјади милијарди долари, отстапувајќи од претходната закана дека нема да ги потпише актите, објави CNBC.

Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, го стави на гласање предлогот за зголемување на помошта на граѓаните по забрзана постапка. За предлогот гласаа 275 пратеници, додека 134 беа против.

Сега се чека гласање за мерката во Сенатот, каде контролата ја имаат републиканците.

Портпарол на лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот не одговори веднаш на барањето за коментар дали ќе се одржи гласањето за оваа мерка што беше усвоена од Претставничкиот дом. Мнозинството републиканци во Сенатот претходно беа дури и против финансиската поддршка на населението да изнесува 1.200 американски долари за човек.

Потписот на Трамп на законот за јавни трошоци за 2021 година спречи блокада на работата на владата што ќе се случеше денес, ако тој не го потпишаше крона-пакетот мерки за поддршка, а ќе беше неизвесен  федералниот мораториум за присилно иселување на граѓаните , чија важност сега е продолжена за еден месец, до 31 јануари.

Демократите го нарекоа законот за економски придобивки аванс, затоа што планираат да побараат зголемување на таа помош кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе стапи на должност на 20 јануари. Бајден синоќа пред новинарите изјави дека ја поддржува исплатата на финансиска помош на граѓаните од 2.000 долари.

Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го повика Трамп да изврши поголем притисок врз републиканските претставници во Конгресот за поддршка на поголема количина проверки.

„Одбивањето на ова би значело негирање на економските проблеми со кои се соочуваат луѓето и одбивање на помошта што им е потребна“, рече Пелоси синоќа пред гласањето на Претставничкиот дом.

Тагови
реклама

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе