Изгледот на стапалата на Роналдо загрижува, 22 години кариера си го направи своето

Кристијано Роналдо има 39 години и сѐ уште игра на високо ниво и покажува каква физичка машина е, но една од неговите последни објави ги загрижи фановите.

Имено, Роналдо по последниот меч на Ал Наср против Ал Ахли (1:0) на стори објави фотографија од луксузно саудиско одморалиште, а изгледот на стапалата на Португалецот ги шокираше сите.

На фотографијата каде Роналдо лежи на нозе со апарати за забрзување на закрепнувањето, може да се забележи дека неговите стапала се многу отечени, што ги загрижи навивачите на стартот на репрезентативната пауза.

Очигледно е дека на телото на Роналдо му е сѐ потешко и потешко да ги издржи напорите, што е логично ако се земе предвид дека тој влегува во самракот на кариерата, а отечените стапала се резултат на постојаниот напор што го трпат додека Португалецот се приближува кон својата петта деценија од животот.

Инаку, странските медиуми пишуваат дека Роналдо ја објавил фотографијата од луксузно саудиско одморалиште каде една ноќ чини близу 1.000 евра.

„Гледај му ги стапалата човече, замисли ја болката секој ден“, коментира еден навивач, додека друг додал: „22 години професионален фудбал го тера човекот да гледа во своите нозе... Сигурно секој ден се буди со луда болка“.

За време на репрезентативната пауза Роналдо ќе одигра пријателски натпревар против Словенија, кој е закажан за 26 март во Љубљана. Пет дена претходно на домашен терен Португалија ќе се сретне со Шведска.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Фудбал

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Read more
 

Спорт

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе