Излезе од печат книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски

Во издание на Факултетот за драмски уметности - Скопје излезе од печат книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски. Книгата ја приредија сопругата Јелена Цветановска и синот Андреј Цветановски, а дизајнот е на Сергеј Светозарев. Авторите на предговорот и поговорот се проф. Мими Таневска-Србиновска и Владо Ѓорески-Рафик.

Театарските белешки се избор на ракописи од Дневникот на Владо Цветановски, во кој се втиснати неговите размисли, слики и емоции кои го пресретнувале во потрагата по театарската вистина. Тие овозможуваат продлабочен увид во дел од богатиот творечки опус на Владо Цветановски и неговите истражувања на театарскиот јазик. Во таа смисла, книгата е значајна и за проучувањата на македонската театрологија, како и за историја на македонскиот театар.

Едновремено, белешките, навлегувајќи во сите фази од создавањето на театарска претстава, претставуваат и своевиден патоказ за студенти по театарска уметност, кој може да им биде од полза во процесот на подготвување за нивните професии во областа на театарот.

Владо Цветановски заврши интермедијална режија на Академијата за уметности во Нови Сад, во класата на проф. Боро Драшковиќ, еден од најпознатите режисери во поранешна Југославија. Долги години работел како професор по Актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Еден од неговите значајни ангажмани на ФДУ беше и оживувањето на Академската сцена. Има режирано околу педесет претстави во македонските театри и во просторите на поранешна Југославија, а неговите претстави учествувале на сите позначајни фестивали како „Стеријино позорје“, „МЕСС“, „Војдан Чернодрински“, „Ристо Шишков“, каде високо биле вреднувани. За одбележување се и гостувањата на неговите претстави во Белград, Нови Сад, Софија, Сараево, Париз, Петроград, Каиро, Кан. Режисер е и на играниот филм „Тајната книга“, кој е прикажан на повеќе меѓународни филмски фестивали.

Цветановски ненадејно почина во својот дом на 23 октомври 2012 година. Имаше 53 години.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе