Актерката Елизабет Харли сними жешка секс сцена која беше објавена во првиот трејлер за режисерското деби на нејзиниот син Демиен.

Трејлерот за „Strictly Confidential“ ја прикажува 58-годишната актерка како се забавува со друга жена во сцени снимени и режирани од нејзиниот син, модел и режисер на кој овој долгометражен филм му е деби.
Драмата ја следи Миа, која ја игра ѕвездата на CBBC, Џорџа Лок, која е вовлечена во „светот на сексот, дволичноста и предавството“ додека се обидува да ја разоткрие мистеријата околу самоубиството на нејзината најдобра пријателка Ребека. Трејлерот ја прикажува Миа како се враќа на егзотичниот карипски остров каде што починала Ребека и со старите страсти кои се откопуваат, таа ветува дека ќе ја дознае вистината за смртта на нејзината пријателка.
Ликот на Лили, кој го глуми Елизабет, ја заведува Наташа, која ја игра младата актерка Пеар Чиравара. Во интервју за People, нејзиниот син Демиен откри дека неговата мајка пред неколку години „дала ветување дека ќе биде во неговиот прв филм“, а кога конечно доби зелено светло, „отфрлила сѐ за да го оствари тоа ветување“.
„Ми беше задоволство да доаѓам на работа и да работам со мајка ми секој ден. Имавме само 18 дена да го снимаме целиот филм, така што нашата телепатија беше непроценлива. Неуморното работење покрај толку посветена и талентирана актерска екипа беше навистина инспиративно. Јас сум вечно благодарен за довербата и вербата во мене на сите што учествуваа“, рече Демиен и ја пофали својата мајка.
„Сите вклучени заслужуваат јавна пофалба, но токму сега сакам да го изразам своето восхитување на Елизабет Харли, која уште во 2010 година, кога имав 8 години, вети дека ќе учествува во снимањето на мојот прв краток филм. Таа остана доследна на нејзиниот збор и штом овој филм доби зелено светло, мама остави сè и побрза на прекрасните Кариби да ми помогне. Нашата заедничка работа беше остварување на сонот“, сподели тој на Instagram.