Излезе трејлерот за новата македонска комедија „Te Dua, жими мене“

Emperor Production го објави трејлерот за новиот македонски филм, сатиричната комедија „Te Dua, жими мене“.

Станува збор за независен филм работен во 2019 година, а премиера ќе има на 21 септември во киното „Синеплекс“ каде ќе продолжи да се прикажува на редовен репертоар.

„Te Dua, жими мене“ е приказна за тројца другари - квази фраер, коцкар и хармоникаш – кои запаѓаат во мафијашка зделка трудејќи се да ја вратат купената невеста назад во Албанија.

Филмот е во режија на Марјан Гавриловски, а сценариото е на Никола Кузелов.

Валентин Видовиќ ја направи оригиналната музика за филмот, а кинематографер е Александар Карпузовски.

Главните улоги ги играат: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Ангела Стојановска и Валентин Видовиќ, а во останатите улоги ќе ги видиме: Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Сенко Велинов, Исмаил Касуми, Мими Таневска, Владо Јовановски, Мирсад Абази, Фирдаус Неби, Рујиш Беговска, Елдин Широки и Береда Решит.

Продуцент е Марјан Гавриловски, а извршни продуценти  се Александар Трајковски и Ивана Мирчевска.

Оригиналната музика во трејлерот со кој се најавува филмот е на Мишел Трајковски, изведувана од него лично, како и Џамбо Агушев, Благојче Трајковски, Иван Кукиќ и Дејвид Демир.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе