Тимоти Шаламе го отелотвори Вили Вонка, лик од романот Charlie and the Chocolate Factory на Роалд Дал, во новиот филм на Warner Bros.
Трејлерот за филмот Wonka е прегледан над 10 милиони пати во првите 24 часа, а фановите се воодушевени.
Филмот е приквел на Charlie and the Chocolate Factory и е режиран од Пол Кинг, режисер на хит филмовите Paddington, врз основа на сценариото што тој го напишал со Сајмон Фарнаби. Извршни продуценти на филмот се Мајкл Сигел, Кејт Адамс, Рози Алисон и Тим Велспринг.
Заплетот го следи младиот и ексцентричен Вили Вонка и неговите авантури пред да стане познат производител на слатки. Филмот е забавен за целото семејство и, според Warner Bros, „докажува дека најдобрите работи во животот започнуваат со сон, а ако сте доволно среќни да го запознаете Вили Вонка, сè е можно“.
Заедно со Шаламе, во филмот се појавуваат и Роуан Аткинсон, Оливија Колман, Кала Лејн, Киган-Мајкл Ки, Патерсон Џозеф, Мет Лукас, Метју Бајнтон, Сели Хокинс, Џим Картер и Том Дејвис. Гледачите на трејлерот беа особено воодушевени од Хју Грант, кој го отелотвори Умпа Лумпа.
Трејлерот е полн со позитивни коментари, а фановите веруваат дека филмот би можело да биде голем хит.
„Фактот што филмот излегува само еден месец по Dune 2 покажува дека Шаламе е сестран актер“, „Го сакам фантастичниот тон на филмот, кој многу потсетува на оригиналот. Верувам дека режисерот на Paddington ќе создаде ремек дело“, „Ова е напишано и режирано од човекот кој го направи Paddington? Филмот ќе биде одличен", „Не знаев што да очекувам, но ова изгледа совршено", се некои од коментарите под видеото.
Филмот ќе започне да се прикажува во кината на 15 декември 2023 година.