Изложба „Портали 2021“ во КИЦ во рамки на манифестацијата Европски ден за уметничка креативност

Со изложбата „Портали 2021“ во Галеријата на Културно-информативниот центар, Музеј на Град Скопје и Град Скопје денеска ја почнуваат манифестацијата Европски ден за уметничка креативност од проектот CreArt (NetworkofCitiesforArtisticCreation) во која од 2017 година, Град Скопје е еден од 11-те вмрежени градови од Европа. Овој проект е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската комисија.

Целокупната програма за манифестацијата се состои од неколку настани: изложба „Портали 2021“, дебата „Илустрација или фрустрација - која е македонската стрип приказна?“, „Калеидоскоп 2021“, изложба на илустрации „Помеѓу сонот и зборот“ на Наташа Андонова и Детска стрип работилница.

Овој проект кој веќе четврта година успешно се спроведува, досега резултираше со четири циклуси на изложбените концепти „Портали“ и „Калеидоскоп“ каде се претставени вкупно 45 домашни автори од различни сфери на креативните уметности; одржани се едукативни креативни работилници со повеке од 60-ина учесници, како и дебати на кои е разговарано за актуелни теми кои го третираат односот на нашето општество кон уметниците од одредени гранки на креативните уметности. Целокупната организација на сите настани за Европскиот ден на уметничка креативност, во текот на 2016-2021 година беше под кураторство на Јасминка Намичева, советник кустос-архитект во Музеј на Град Скопје, додека за целокупната координација на проектот CreArt за Град Скопје беше одговорна Адријана Божиноска.

– Ковид состојбата во светот, во текот на изминатата 2020 година акцентираше нови состојби како во севкупното живеење, така и во креативните уметности. Токму базичната идеја на концептот за „Портали“, да се презентира диверзитетниот свет на уметноста ја наметна темата за значењето и местото во секојдневниот живот на илустрацијата како базичен дел од многу други арт продукти, почнувајки од детска публицистика до стрип и современите дигитални видео изданија, продукти кон кои во изминатите месеци на различни периоди на изолации во домот, сѐ повеќе се наметнуваше потребата да го окупираме нашето слободно време токму со овој вид на четива, информираат од Секторот за јавни дејности на Град Скопје.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Култура

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more

Заспаната убавица од Чајковски на 15 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе