Израел го потврди присуството на новата варијанта на коронавирус

Б.С.Б.
/ 26.11.2021 / 09:25

Министерството за здравство во Израел соопшти дека во земјата е присутна новата варијанта на коронавирус наречена Б.1.1.529, пренесе The Jerusalem Post.

Новата варијанта е откриена кај лице кое се вратило во Израел од африканската држава Малави. Докторите истражуваат уште два случаи на повратници од странство, сомнителни дека се заразени со новата варијанта. Во тек е генетско секвенционирање и резултатите се очекуваат наскоро.

Во сите три случаи станува збор за патници кои се вакцинирани.

За каква варијанта станува збор?

Се работи за варијанта на коронавирусот забележана во Јужноафриканска Република, Боцвана и Хонгконг. Наречена е Б.1.1.529 и има дури 32 мутации кои можеби ќе овозможат да се избегне имунитет стекнат со вакцини и прележување.

Засега се идентификувани мал број случаи, но можно е да постојат многу повеќе. Сосема е можно вообичаените тестови за другите соеви да не можат успешно да ја препознаат присутноста на оваа варијанта. Сите случаи, вклучително и оној во Хонгконг, се поврзани со Африка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе