Сириската државна новинска агенција јавува дека израелските сили извршиле напад на сириска територија. Бомбардирани се аеродромите во Дамаск и Алепо.
Информации пристигнуваат сега, пренесува британски „Гардијан“.
Локалните медиуми наведуваат и дека реагирала сириската противвоздушна одбрана, а на социјалните мрежи се споделува информација дека се оштетени пистите на тие два аеродрома.
Се наведува и дека на пат за Сирија бил иранскиот министер за надворешни работи, чиј авион веднаш излегол од планираната рута и се упатил назад кон Техеран.
Нападот ги потврди стравувањата дека израелско-палестинскиот конфликт, кој почна во саботата и се претвори во најкрвавиот досега, може бргу да се прелее во околните земји.