Палестинец кој уби две лица во бар во Тел Авив беше застрелан од безбедносните сили по повеќечасовно пребарување на градот.
Полицијата пронашла маж кој се криел во близина на џамија во Јафа, јужно од Тел Авив, соопшти израелската безбедносна агенција Шин Бет, додавајќи дека напаѓачот бил убиен во размена на оган.
Шин Бет го идентификуваше напаѓачот како 28-годишен Палестинец од Џенин, град на окупираниот Западен Брег, кој илегално бил во Израел.
Напаѓачот влегол во клубот и почнал да пука
Синоќа, на почетокот на викендот во Израел, напаѓачот влегол во клубот на преполната главна улица во Тел Авив и почнал да пука. Убил две лица, а уште тројца тешко ранил и побегнал.
Граѓаните биле предупредени да не излегуваат од домовите. Во потрагата по напаѓачот беа вклучени стотици израелски полицајци и хеликоптер со рефлектори.
Нападот во клубот е последен во серијата смртоносни улични напади во кои беа убиени 13 лица.