Министерството за внатрешни работи во акциска контрола на територијата на земјава санкционира 252 возачи кои возеле со брзина над дозволеното.
Од нив десет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 131 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.