Ја изградил најтесната зграда во светот за да го блокира погледот кон море на брат му

„Al Ba’sa“, или во превод „инает“, е името на најтесната зграда во Бејрут, Либан, а многумина веруваат дека е и во целиот свет. Широка е само 61 сантиметар во најтесниот дел, а 4,2 метри во најширокиот.

Се наоѓа во близина на стариот светилник во населбата Манара, а изградена е во 1954 година и тоа од инает.

Имено, двајца браќа се скарале за земјата што ја наследиле од нивниот татко - едниот брат добил минијатурно парче земја со чудни димензии на кое не можело да се изгради ништо, а другиот добил атрактивен дел со поглед на Медитеранот.

За инает, првиот брат изградил тенка зграда висока 14 метри, која го блокира погледот кон Средоземното Море, и со тоа ја намалил вредноста на земјата на вториот брат.

Иако изгледа како ѕид со тераса, „Al Ba’sa“ наводно има по два стана на секој кат. Во еден од становите со години бил сместен бордел за време на Граѓанската војна во земјата, а во другите биле сместени бегалци од истата.

Remote video URL

Денес зградата стои како потсетник на една дамнешна расправија, и веројатно ќе стои уште долго; сегашните закони за градски зони во Либан наведуваат дека парцелата на која се наоѓа зградата е премногу мала за да се гради нешто. Ако „Al Ba’sa“ се сруши, ништо друго не може да се изгради на нејзино место, што значи дека земјиштето е попрофитабилно со неа отколку без неа. Како што истакна архитектката Сандра Ришани во нејзиниот есеј за зградата, „Al Ba’sa“ „продолжува да постои до инает и исто така пркосно на една од најпознатите локации во Бејрут, само времето ќе покаже што ќе биде со неа“.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе