Јакимовски до ВМРО-ДПМНЕ: Пријатели, пратетете го човеков во месен комитет, Ковачевски за него стана Марадона!

Се изнаслушавме од Мицкоски дека ќе гласал за измените на уставот само под други услови, не еднаш туку сто пати го повтори, други услови па други услови, пишува на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, како реакција на синоќешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба.

„Кој бил фамозниот услов на големиот лидер?“, прашува Јакимовски.

„Прв услов му бил, ќе гласал да влезе во Влада и тоа со СДСМ, а втор услов во Владата да не биде ДУИ“, појаснува во напишаното Јакимовски.

„Бидејки ДУИ разбира политика, уште незавршена прес-конференцијата излегоа со став: нема проблем ние ќе излеземе од Влада само ти гласај ги уставните промени.
Христијан!
Па нели Ковачевски бил нелигитимен премиер зошто не победил на избори.
Ти победи или изгуби на парламентарни избори?
Со кој легитимитет ти ќе влезеш во Влада и згора нелегитимен да ти биде премиерот Ковачевски?
Пријатели од ВМРО ДПМНЕ, вратетете го човеков во месен комитет и пратете го на политичка школа зошто веќе и Ковачевски за него стана Марадона!
ДУИ ќе излезе од Влада, Мицкоски ќе влезе ќе ја голтне 'бугарската жаба' и ќе ги изгласа уставните промени и за еден месец ќе му ги удрат клоците од влада и ДУИ ќе се врати назад.
п.с. Тетками викаше 'Паметначович'“, стои во напишаното.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лидерската средба, рече дека премиерот Димитар Ковачевски му понудил да влезат во Владата, а цената била да се плати со поддршка за уставните измени.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе