Јакимовски ги воодушеви Американците во дебитантската сезона во НЦЦА лигата

Еден од најталентираните македонски кошаркари, Андреј Јакимовски, доби позитивни оценки за своите настапи во дебитантската сезона во дресот на екипата на Вашингтон Кугарс во американската универзитетска кошаркарска НЦАА лига.

„Дебитантот ги воодушеви навивачите на Кугарс, им приреди големи возбудувања, а неговата колеџ-кариера е сè уште на почетокот. Откако постигна 6 поени на првите три настапи, тогаш вистински почна неговата кариера во НЦАА. На следните 8 натпревари просечно постигнуваше по 10 поени со шут од 40 проценти за тројка, во тој период стигна и до личниот рекорд од 19 поени, на мечот против Стенфорд“, пишува универзитетскиот портал Dailyevergreen.com во освртот за Јакимовски.

Поради пандемијата на коронавирусот, македонскиот кошаркар сè уште не ја почувствувал возбудата која ја носи присуството на навивачи на трибините, но имаше можност да види и да почувствува како изгледа американската кошарка.

„Овде сите играчи се одлично физички подготвени и брзи, во Европа кошарката е повеќе тимски спорт. Пред натпреварите повеќе се грижев за мојата ментална подготовка, отколку за останатото. Овде, во Пулман, ја чувствувам енергијата кај љубителите на кошарката. Често, по натпреварите, кога се движам по улиците, ме среќаваат луѓе и викаат „Напред Кугс“. Тоа е прекрасно“, изјави Јакимовски

Соиграчите и тренерите го опишуваат Македонецот како извонреден работник кој никогаш не прифаќа пораз и секогаш се труди да биде подобар. На 25 натпревари во својата дебитантска сезона, од кои 19 како стартер, Јакимовски просечно постигнуваше по 5,5 поени. Тренерот Кајл Смит за него вели дека само небото е граница и од него за оваа натпреварувачка кампања има оценка „5“.

„Мислам дека донесов вистинска одлука со тоа што ја прифатив понудата од Вашингтон. Пресреќен сум што избрав да дојдам тука и да играм за тренерот Смит“, додаде Јакимовски.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Кошарка

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе