Јанаки Митровски: Бизнисот со канабис останува привилегија само на богатите и моќните

Здружението за канабис и зелени политики смета дека со предложениот Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци постојат одредени позитивни но и повеќе негативни моменти.

Јанаки Митровски, адвокат и еден од основачите на Здружението за декриминализација на канабисот во Македонија, се изјасни за ова во објава на социјалните мрежи што ви ја пренесуваме во целост:

-Дозволувањето да се извезува сув цвет е логично бидејќи досегашната одредба е идиотска, да можеш да извезуваш масло а не цвет. Но ова е меч со две острици како објаснето подоле

- Позитивно е што е тргната рекетарската “гаранција” како услов за добивање лиценца

- Негативно и противуставно е што се бара согласност од владата за пренос на удел. Ова директно ја тангира приватната сопственост како уставно заштитена категорија.

- Негативно е што условите остануваат крајно високи дури и се зголемува бројот на минимум вработени со што овој бизнис останува привилегија само на богатите и моќните

- Негативно е воведување арач од 10% по оданочување кои средства наместо за едукација на лекари, евентуално лекување, овозможување пристап до медицински канабис на социјално ранливи категории ќе се користат за финансирање на НВО-а. Предлогот на БИЛКА беше и остана да биде услов за ентитетите да пласираат легален канабис на МК пазар ако сакаат лиценца. Во МК има 65 фирми а производи од само три. Кој е бенефитот на граѓаните ако целиот канабис оди надвор?

За крај овој закон не исполнува услови за Европско знаменце. Дотолку повеќе сме разочарани што воопшто не е дискутиран на Работна група при Влада, а не е дека не знаеле. Следниот состанок на групата е 15.08 и да се надеваме дека ќе биде прва точка на дневен ред со цел истакнување забелешки по истиот.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе