Јанша ги повика Словенците да се вооружат: Ѓаволот ја однесе шегата

Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша го коментираше воведувањето гранични контроли на словенечките гранични премини и воопшто за мигрантската криза и ги повика Словенците да се вооружат.

„Ѓаволот ја однесе шегата. Наоружајте се. Легално“, го започнува својот повик Јанша на социјалната мрежа Х (поранешен Twitter).

Тој додава дека паметните го разбрале повикот, а другите „ќе им веруваат на Голоб, Поклукар и Шарац дека се способни да ја заштитат Словенија, но и нив лично во случај на терористички напади“.

Јанша наведува дека станува збор за државни функционери кои од јуни ги игнорираат повиците на Словенечката демократска партија (SDS) - на чело со Јанша - да се свика Советот за национална безбедност, на кој ќе се расправа за мерките за борба против илегалната миграција и управување со безбедносните ризици.

„Протокот на илегалци од патиштата го пренасочуваат во вагони“

„Тие ја урнаа оградата, а сега, кога во паника повторно воведоа контрола на границата со соседите, само го пренасочуваат протокот на илегалци од патишта во вагони“, додаде Јанша.

Тој го прозва и актуелниот министер за одбрана Марјан Шарац, наведувајќи дека тој го води неговиот ресор како реално шоу.

Јанша наведува дека светот се променил во последната деценија и дека се поткопани вредносните основи на западната цивилизација.

„Притисокот на масовната илегална миграција радикално го уништува постоечкиот начин на живот во ЕУ и ги зајакнува милитантните, протерористички јадра во европските метрополи. Некогаш безбедните и успешни градови бележат невиден пораст на криминал. Во нив, за жал, се вбројува и Љубљана.

„Последниот упад на палестинските терористи во Израел уште еднаш потврди колку е важно народот да биде добро и легално вооружен“, додаде тој.

Тој уште еднаш ги повика Словенците да се вооружат

На крајот од објавата Јанша подвлекува три работи и го повторува повикот до Словенците да се вооружат.

„На секој писмен човек денес му се јасни три работи:

1. Со голема веројатност може да очекуваме заострување на безбедносната состојба.

2. Сегашната гарнитура на власт не е ни приближно способна за навремени проценки, подготовки и активности.

3. Секој е должен да направи сè што е можно во рамките на уставниот поредок за да ги заштити семејството и татковината.

Затоа: Ѓаволот ја однесе шегата. Вооружете се. Легално“, се вели во објавата на Јанша.

URL
Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе