Јапонскиот приватен лендер Hakuto-R испрати фотографија од осветлениот дел од Месечината откако влезе во нејзината орбита на 20 март.

Фотографијата е направена со помош на камера поставена на лендерот, а на Twitter ја објави јапонската компанија ispace.
На фотографијата се прикажани низа осветлени кратери на површината на Месечината, додека темната позадина е вселената. Исто така, на фотографијата се гледаат кратери кои се делумно во сенка, кои се појавуваат на работ на видливиот диск на Месечината.
Лендерот Hakuto-R беше лансиран на 11 декември 2022 година, користејќи ја ракетата Falcon 9 на SpaceX, и се очекува да се обиде да слета на површината на Месечината кон крајот на април, ако сè оди според планот.
Доколку биде успешен, лендерот ќе ја направи Јапонија само четвртата земја што слетала вселенско летало на Месечината по САД, СССР и Кина. Тоа би било и првото слетување на месечината за вселенско летало контролирано од приватна компанија. Hakuto-R го носи и малиот ровер Rashid кој припаѓа на вселенската агенција на Обединетите Арапски Емирати.
Индискиот лендер Chandrayaan 2 и израелскиот ровер Beresheet не успеаја да слетаат на Месечината во 2019 година.
Ispace вети дека ќе објави повеќе фотографии додека роверот се подготвува за слетување, а компанијата исто така работи на втора и трета мисија што ќе биде лансирана во 2024 и 2025 година.