ЈО: Извршен претрес во неколку стана во Скопје во врска со предметот „Плацови на Водно“

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти.

Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, информира во соопштение Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од ЈО најавуваат дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот.​

Во случајот „Плацови на Водно“ се осомничени поранешниот премиер Никола Груевски, како и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Претресите утринава се извршени во објекти сопственост на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пренесува „Слободен печат“.

Утрово бил извршен претрес во објект на Миле Јанакиески во Прилеп, како и во станови на Никола Груевски во Скопје во врска со предметот „Плацови на Водно“.

Токму поради плацовите на Водно пред две недели во притвор беше спроведен бизнисменот Јордан Камчев кој е осомничен за кривичното дело „перење на пари“.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Македонија

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more
 

Вести

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе