Јокиќ: Не сакам ваков живот, каде и да одам луѓето ги вадат мобилните и ме снимаат

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ вели дека би сакал никој да не го познава откако ќе ја заврши кариерата. Јокиќ беше гостин во подкастот на неговиот тимски колега од Денвер Нагетс, Мајкл Портер Џуниор.

Тој, меѓу другото, зборуваше и за притисокот и како да се справи со него.

„Мислам дека ако не сте исплашени, ако не сте нервозни, ако не чувствувате притисок, дека не сте го избрале вистинскиот спорт. Од почетокот притисок и страв, дури и сега имам страв и притисок на секој натпревар, дека противничкиот играч ќе ме претепа или дека ќе ме победи “, изјави Јокиќ и додаде:

„Дојдов овде како трета, четврта, петта опција, беше поинаку, бев млад, ништо не знаев. Мислите дека тоа е само кошарка, но тоа е само 20% од се. Сега можам да кажам дека кошарката е најлесниот дел од се. Се уморуваш, промашуваш… Во првите три години научив нешто и потоа учев се повеќе и повеќе, а после тоа го сменив начинот на исхрана, за да можам подобро да шутирам, да се развивам со текот на времето“.

Портер истакна дека Јокиќ е скромен, дека сака да се забавува, но не и да биде популарен.

„Не ми се допаѓа овој живот. Ние сме само кошаркари и добри сме само во она што го работиме. Но, медиумите се околу нас и ние сме платени за сето тоа, медиумите и популарноста, но затоа што сме познати, на некои ми се допаѓа, на некои не им се допаѓа. Кога ќе ја завршам кариерата би сакал никој да не ме знае. Би сакал моите деца да ме паметат како татко,а не како кошаркар. Тоа е мојата цел. Немањето телефон е исто така и моја цел. Да бидам нормален човек, да пиеме со другарите, да си играм со децата, да јавам коњи… Каде и да одам сите ги вадат телефоните и ме снимаат. Не ми се допаѓа тоа. Само сакам да си го живеам животот“.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Кошарка

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Read more

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе