Јордан Камчев треба да сведочи за „Меѓународен сојуз”

Скопје, 18 март 2021 (МИА) – Ново рочиште во Кривичниот суд Скопје денеска е предвидено да се одржи за предметот „Меѓународен сојуз“.

Судијката Софче Ефремова, на последното рочиште за овој предмет најави дека за денеска ќе треба да сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски (татко на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Судија по претходна постапка определи мерка притвор од 30 дена за бизнисменот Јордан Камчев на 14-ти месецов.

Истиот ден Камчев беше приведен, а според неговиот адвокат Тони Менкиновски бил лишен од слобода поради кривично дело изборна измама, за подоцна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да побара притвор поради информацијата од Агенцијата за национална безбедност дека Камчев се подготвувал за бегство.

реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе