Јовески: За дисциплинската за Рускоска треба да се обезбедат докази

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека за дисциплинската постапка за шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГК) Вилма Русоска треба да се обезбедат определени докази и за нив да се изјаснат обвинителите опфатени со постапката.

-Комисијата за дисциплинска одговорност го разгледа предлогот за покренување дисциплинска постапка и колку што сум информиран по тој предлог донесе решение за поведување дисциплинска постапка. Натаму знаете, во самата постапка треба да се обезбедат определени докази и треба да се произнесат јавните обвинители за кои се води оваа постапка, изјави Јовески, на новинарско прашање дали има новини во однос на дисциплинската постапка за Рускоска.

По тврдењата на обвинителката Рускоска дека четири години не бил правен надзор на работата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Јовески рече дека подолго време не е направен надзор не само во тоа обвинителство, туку и во други, имајќи ги предвид состојбите со Ковид-19.

-Да, во овој период беше извршен надзор во определени обвинителства, но само онаму каде што тоа го налагаа потребите, рече Јовески, кој учествува на тркалезна маса на тема „Превенција и следење на корупцијата во судството“.

Републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈОГК.

реклама

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Македонија

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Read more

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Силјановска ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, велат од нејзиниот кабинет

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе