Јутјуберот Брендон Вилијам е студент кој сака да се обидува во најразлични предизвици, а меѓу последните е неговиот обид да го направи тестот за кондиција што го користи ФБИ при прием на нови агенти.
Во видеото тој објаснува дека не ги исполнува условите за ФБИ агент, но ќе се обиде да го направи фитнес тестот за кондиција, без претходна подготовка.
Тестот се состои од пет вежби, со не повеќе од 5 минути одмор меѓу секоја рунда:
- стомачни вежби
- спринт на 300 метри
- склекови
- трчање (2.5 км)
Како се снајде Брендон со предизвиков може да проверете во видеото: