Јувентус конечно игра по вкус на навивачите

Фудбалерите на Јувентус конечно одиграа квалитетна партија, а во натпреварот од 11. коло во италијанската Серија А го победија Емполи на својот стадион со резултат 4:0.

Јувентус одлично го отвори натпреварот и поведе со 1:0 во 8. минута преку Кин, а иако имаше неколку чисти шанси во првото полувреме, на крајот со тој резултат замина на одмор.

Дека Старата дама нема да има проблеми на овој меч беше јасно во 56. минута кога Мекени погоди за 2:0. Во 82. минута Рабио го постигна третиот гол за својот тим, а во судиското надополнување го постигна вториот за конечни 4:0.

За Јувентус ова е петта победа сезонава и сега имаат 19 бода, дури седум помалку од Наполи кој е прв и кој има и натпревар помалку. За старата дама ова е втор последователен натпревар во кој победува, а потсетуваме, во минатото коло беа подобри од градскиот ривал Торино со резултат 1:0.

Од друга страна, Емполи останува на 11 освоени бодови и по ова коло би можеле да паднат од 11. на 15. позиција на табелата.

Remote video URL

Алегри: Сега веќе личиме на тим

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, ги искажа впечатоците по победата над Емполи.

„Сега веќе личиме на тим. Соочувањето со Емполи во првите 60 минути не беше лесно, бидејќи нивните играчи постојано притискаат и често додаваат, можевме и да ја зголемиме предноста.

Се подобруваме и фактот што тимот го задржа истото темпо во второто полувреме покажува дека нивото на кондиција се зголемува. Трениравме добро. Ни претстои важен натпревар, против Бенфика во Лигата на шампионите во вторник“, изјави Алегри по натпреварот.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе