Каде е Северна Македонија на листата најзелени земји во светот?

Најзелените земји во светот се исто така богати земји со најголем БДП по глава на жител, според мапата што го рангира Индексот за заштита на животната средина (EPI).

Панорама на Скопје (Фото: Фејми Даут)

Според анализата објавена на веб-страницата Visualize Capitalist, на списокот доминираат земјите на ЕУ. Република Северна Македонија е на 43. место од 180 земји, со скор од 55.4, а во регионот е на 14-то место.

Листата на најдобри ја предводи Данска, која исто така е светски лидер во намалувањето на негативното влијание врз климатските промени. Следат Луксембург, Швајцарија, Велика Британија и Франција. Шведска е осма кога се разгледуваат заедно сите фактори на индексот, но е прва во однос на обработката и рециклирањето отпад. Финска, која е на седмото место, е рангирана на самиот врв за третирањето отпадни води, заедно со Холандија, Шведска и Сингапур. Шпанија е вкупно 14-та, но осма по биодиверзитет и зачувување на природниот хабитат. Велика Британија е втора по Данска во намалувањето на емисиите на СО2.

Во друштво на најзелените од другите делови на светот, тука се и Јапонија на 12-то место, Австралија на 13-то место, Нов Зеланд на 19-то место, Канада на 20-то место, САД на 24-то место и Јужна Кореја на 28-то место.

Што значи дека една земја е зелена?

Индексот EPI е развиен од Универзитетот Јеил во САД и мери 32 фактори, од кои најважни се климатските промени, биодиверзитетот, квалитетот на воздухот и квалитетот на водата.

Секој индикатор за перформанси со висок EPI, како што е „заштитата на животната средина“, е поделен на пододдели. Земјите се рангирани во секој подсектор на скала до 100, а повеќе земји може да бидат рангирани на прво место во која било од категориите.

Различни сектори носат различни удели во вкупниот индекс. На пример, виталноста на екосистемот учествува со 60% во EPI, климатските промени сочинуваат 24%, а намалувањето на емисиите на СО2 13,2%.

Земјите на водечките позиции се генерално избалансирани и подеднакво добри во низа фактори, додека меѓу пониско рангираните разликите се поголеми. На пример, Сингапур е светски лидер во одржлив риболов, но бидејќи не е подеднакво добар и во други фактори, тој заврши на 39-то место. Кина е лидер во заменувањето на автомобилите со фосилни горива со електрични, но поради другите послаби рејтинзи, таа не беше ниту меѓу првите 40. САД се шести според земјоделската одржливост, но се вкупно 24-ти.

Водечки земји во контекст на климатските промени се Данска, Велика Британија, Романија, Франција и Швајцарија.

Водечки во квалитетот на воздухот се Финска, Австрија, Шведска, Исланд и Норвешка.

Интересно, дури 30 земји имаат резултат 100 во одржлив риболов, што покажува дека има многу земји за кои ова прашање е приоритет.

Најзелените се претежно и најбогатите

Според Светска банка, топ 40 најзелени земји се и оние кои спаѓаат во категоријата на оние со високи лични примања на граѓаните.

Клучната причина зошто побогатите нации се рангирани подобро се високите инфраструктурни трошоци потребни за земјата да стане зелена. Сè, од намалување на аерозагадувањето и третман на вода, до контрола на опасен отпад до ублажување на јавната здравствена криза, е скапо (на пример, прочистувачи на воздух и вода или системи за рециклирање на отпад), но во исто време има огромно потенцијално влијание врз граѓаните.

Најзелените земји во светот, како што се Норвешка, Швајцарија, Исланд, Данска и Шведска, исто така, имаат голем БДП. На пример, Данска има БДП од 60.170 американски долари по глава на жител. Како што се очекуваше, корелацијата, иако висока, не е целосно изедначена. Така, на пример, САД имаат поголем БДП (65.298 долари) од голем број земји кои се подобро позиционирани според EPI (графикон подолу).

Колку за споредба, Хрватска има БДП од 14.936 долари по глава на жител, што е многу близу до земјите кои се слично рангирани од EPI. Полска има БДП од 15.693 долари, Литванија 19.602, Летонија 17.829, Унгарија 16.732 и Романија 12.920. Словенија, со БДП од 25.946 долари, е на 18-то место во светот според EPI.

На самото дно на списокот се сиромашните земји како Либерија, која заврши како последна, 180-та, Мјанмар, Авганистан, Сиера Леоне, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја, Мадагаскар и Чад.

Од сето горенаведено може да се заклучи дека економскиот развој е гаранција за благосостојба и одржливост во еколошка смисла.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе