Кафе - од сатански пијалак со смртна казна до утрински ритуал

Кафето денес е основен елемент во животот на многу луѓе, но порано било забранувано, а за негова консумација некои платиле и со живот.

Пред кафетерија во Истанбул

Првата забрана за консумирање кафе се случила во 1511 година, кога водачот на Мека, Кахир Бег, наредил да се затворат сите јавни места каде што се продавало кафе, бидејќи тоа наводно водело до грев, што наводно ги прекршувало муслиманските закони за консумирање пијалаци.

Сепак, вистинската причина лежи во знаењето на Кахир Бег дека нетрпеливоста кон неговата влада се ширела од местата каде што кафето било присутно и често се консумирало.

Многу исламски имами и научници верувале дека кофеинот во пијалаците како што се кафето и чајот има ефекти што го менуваат умот.

Отоманскиот султан Мурат IV, кој владеел во текот на XV и XVI век, пиењето кафе го сметал за неморално. Тој верувал дека кафето го поттикнува социјалното распаѓање и раздорот во Истанбул. Кафето му претставувало толку сериозен проблем што пиењето било казниво со смрт.

Според некои историски извештаи, Мурат IV, наводно, шетал маскиран по улиците на главниот град и ги обезглавувал оние што се осудувале да пијат кафе. Дури и ако овој извештај не е точен, тој секако зборува за тоа колку бил голем проблемот. И тој не бил единствениот владетел што го забранувал пиењето кафе, туку важел за најбрутален и најуспешен во напорите да го забрани црниот пијалак.

Мурат IV

На крајот на XVI век, кога кафето го напуштило Блискиот Исток и првпат дошло во Европа, на производот се гледало со сомнеж поради неговата халуциногена моќ. Вишокот на кофеин предизвикува нервоза, тремор и аритмии - особено кога не било можно да се филтрираат или балансираат состојките во смесата.

Исто така, постоел и фактот дека кафето потекнувало од муслимани, што ги навело италијанските католички свештеници да го прогласат пијалакот за сатански и да наредат негова итна забрана.

Сепак, дури и по оваа идеја, црковните водачи го замолиле папата Климент VIII да го проба пијалакот, и на изненадување на сите, му се допаднал. Папата рекол дека „пијалакот на Сатаната“ е премногу вкусен и ќе дозволи негово консумирање. Но, имало услов - верниците имале должност да го крстат кафето и на тој начин да го преобразат во нешто христијанско.

На излегувањето на новиот производ првично се противеле и трговците на мало со вино и пиво. Популаризацијата на кафето им била закана и не им се допаѓала идејата луѓето да се собираат и да пијат нешто безалкохолно. Кафето е добро за енергија, ги прави луѓето повнимателни, фокусирани и подготвени за работа - сето она што пивото и виното не можат да го обезбедат.

Во доцните 1600-ти, лондонските кафулиња биле омилено место за собирање на политичарите и писателите.

„За разлика од таверната, пивницата или гостилницата“, пишува историчарот Брајан Кауен за списанието Smithsonian, кафетеријата „беше нова институција“. Иако местата каде се пие кафе биле вообичаени во арапскиот свет стотици години, кафето било ново за Британија. Првите кафетерии биле отворени во 1650-тите. До 1663 година, пишува Метју Грин за The Telegraph, имало 82 кафулиња во центарот на Лондон. Но, со оваа популарност дошла и реакција: во урнебесен памфлет објавен во 1674 година група жени се изјасниле против „новиот, одвратен, пагански пијалак наречен кафе“.

Тешко е да се каже дали писателите на Женската петиција против кафето биле всушност жени, пишува историчарот Стив Пинкус. Поверојатно е, пишува тој, дека сатирите биле напишани за да ги направат кафетериите непопуларни бидејќи членовите на владата ги гледале како места на политички немири. На пример, година дена подоцна Чарлс II дури се обидел да ги забрани кафетериите.

Женската петиција наведува дека пиењето кафе е толку интелектуална и женска забава што ги направила нивните сопрузи импотентни и „неплодни како оние пустини од каде што се вели дека е донесена таа несреќна бобинка“. (Иако земјите од каде доаѓало кафето биле главно плодни).

Во петицијата се вели и дека кафето ги прави мажите премногу зборливи: „пијат матна вода и мрморат безначајни работи“, напишале анонимните автори.

Прускиот крал Фридрих Велики бил еден од владетелите што им го бранел кафето на своите граѓани.

Во доцните 1700-ти, кралот воспоставил државен монопол на увозот на кафе и наредил дека додека аристократијата може да ужива во производот, обичните луѓе не можат поради случајната штета што може да ја предизвика потрошувачката.

Во една прилика, Фридрих II Пруски ја истакнал супериорноста на пивото и виното пред кафето, апелирајќи на патриотизмот, велејќи дека многу битки ги добиле војниците што се хранат со пиво.

Сѐ до неговата смрт Фридрих водел кампања против кафето, критикувајќи го и зголемувајќи ги даноците за да го држи подалеку од рацете на обичните луѓе. Поради оваа причина, многу години потрошувачката на кафе низ Прусија нагло се намалувала.

Од смртната казна, како и во Отоманската Империја, до казната за жените што би се осмелиле да го пробаат овој пијалак во Европа, кафето поминало долг пат за да стане миленик на луѓето ширум светот.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе