КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го гледате Black Adam?

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 21.12.2022 / 12:09

Black Adam, најновиот суперхеројски филм на Warner Bros. заснован на стриповите на DC, се подготвуваше уште од моментот кога во студиото првпат се појави на вистинска идеја да му се додели на Двејн Џонсон улогата на застрашувачки аналог на Супермен.

Филмот во режија на Жауме Колет-Сера, ја раскажува приказната за Тет-Адам (Џонсон), древен, магично моќен полубог кој првпат чекорел по Земјата како смртен човек пред илјадници години во измислената блискоисточна земја Кандак. Иако најголемиот дел од филмот е сместен во „денешен“ Кандак и го следи Тет-Адам додека збунето се обидува да разбере што се случило со неговата нација откако исчезнал, филмот исто така постојано се навраќа на неговиот живот како обичен човек со цел да ве натера да разберете што е тоа што го тера да биде таков каков што е.

Пред Тет-Адам да стане непобедлива бура со грмотевици во облик на професионален борач, бил еден од безбројните поробени жители на Кандак принудени од нивниот тирански крал да ја копаат нивната земја во потрага по Етерниум, блескав редок метал чии својства никогаш не се навистина наведени. Колку и да бил брутален животот под нивниот крал, никој никогаш не се осмелил да се крене против нивните угнетувачи од страв од смрт.

Без намера да ви откривам повеќе спојлери, ќе ви споделам зошто сметам дека Black Adam е филм што вреди да се погледне. Насловот неколку недели не се мрдна од врвот на листата најпиратирани филмови на Torrent Freak, што ме заинтригира да го погледнам, исто така и бидејќи е приновата во DC светот, кој го преферирам пред Marvel.

Remote video URL

Да, критичарите го „изедоа“ филмот, го изругаа Двејн Џонсон и се чудеа што бара овој херој во низата по Супермен, Бетмен, Вондер Вуман, Аквамен, Флеш... Повеќето критичари и гледачи се осврнаа на неговото „проблематично“ позиционирање во корпоративно-кинематската империја на DC. Филмот не заостанува зад многу од големите буџетски C.G.I. суперхеројски спектакли кои повеќе или помалку го презедоа студиското снимање, но ги акумулира лошите навики на жанрот и бизнисот во едно пакување од два часа и само навестува за повремените задоволства на форматот.

Она со кое ќе се согласам е дека Black Adam се чини како да го пополнува местото за филм што допрва треба да се сними, но далеку од тоа дека не го испорачува она за кое гледаме суперхеројски филмови: неверојатна акција и ликови со внатрешни и надворешни конфликти. Да, ликот на Black Adam си има проблеми со бесот и незгодна навика да ги убива лошите со својата молскавична моќ, па се разбира, според правилата на франшизите за суперхерои, супертимот мора да се обедини за да му се спротивстави. Но, она што филмот го нуди и го испорачува е едно сосема ново доживување на ликовите какви што сме навикнати да гледаме во суперхеројски филмови – диверзитет.

Секако, има простор за родово балансирање и во тој поглед можеле да се потрудаат барем да им доделат повеќе реплики на двата женски ликови, но изборот на актерската екипа беше освежување и сигурна сум причина за голема радост кај најмладите ширум светот кои припаѓаат на малцинските заедници и кои ретко имаат прилика да видат ликови со кои се идентификуваат. Филмот исто така не беше обременет со паралелна клише љубовна приказна која често е нафрлена во суперхеројските приказни, а се ставил акцент на интроспекцијата и другарските и меѓучовечките односи. Black Adam ни ја дава разноликоста која сметам дека многумина не знаеле дека им е потребна во овој жанр.

Филмот е далеку од ремек-дело, најверојатно нема да ви измами солза, но безмилосната акција и доброто темпо се забавен начин да „отепате“ речиси час и половина со друштво.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе