ОД КРЕАТОРОТ НА LA CASA DE PAPEL, АЛЕКС ПИНА

[КАЈГАНА препорака] Зошто треба да ја гледате „White Lines“ на Netflix?

Александра Спасеска
/ 19.05.2020 / 13:09

Новата серија на Netflix насловена „White Lines“ е дело на Алекс Пина, шпанскиот креатор на мегапопуларната „Money Heist“. Премиерата беше на 15 мај и серијата веќе е најгледана на стриминг платформата во неколку земји, вклучувајќи ја Велика Британија.

Ако ја сакавте „Money Heist“ (La casa de papel), ќе ја обожавате „White Lines“. Најдено мртво тело, мистерија, интриги, забави, криминални групи, многу дрога и неодговорени прашања.

Ова е нашата КАЈГАНА препорака зошто треба да ја гледате оваа возбудлива трилер серија.

Мистерија

Заплетот е повеќе од примамлив. Среде шпанската пустина најдено е тело по пороен дожд. Зои Вокер (ја игра Лора Хадок) е на местото каде е најдено телото, заедно со шпанската полиција. Само што долетала од Манчестер со нејзиниот сопруг за да го идентификува телото на брат ѝ Аксел (Том Рајс Харис). Аксел исчезнал пред 20 години на Ибица каде живеел и работел како диџеј. Таму се преселил со неговите пријатели од Манчестер кои уште живеат на островот.

Интриги

Серијата изобилува со богатство од теми и отвора нови светови. Откако дознава дека брат ѝ бил убиен, Зои решава сама да го истражува неговото убиство. Се сели на Ибица за да го најде најдобриот другар на Аксел, Маркус (Даниел Мејс). Меѓутоа, за кратко време открива дека полицијата не планира да отвори истрага, но таа не е единствената која го бара убиецот на брат ѝ. Телото на Аксел е најдено на имот што му припаѓа на семејството Калафат, место каде што порано се снимале италијанските шпегети вестерн филмови, а сега е претворено во тематски парк. Стравувајќи дека син му или сопругата имаат некаква врска со убиството на Аксел, Андре Калафат (Педро Касабланк) го ангажира неговиот најблизок соработник Боксер (Нуњо Лопес) да го бара убиецот.

Животни пресврти

„White Lines“ почнува со реплика на Зои дека повеќе проживеала во изминатите 24 часа отколку во 24 години. Се исповеда некому за сѐ што се случува и потоа дознаваме дека разговара преку FaceTime со нејзиниот терапевт. Трауматизирана од исчезнувањето на брат ѝ кога имала само 17 години, на Зои ѝ требала психијатриска помош. Ова е всушност приказна за Зои.

Динамичен тек

Приказната се раскажува преку низа флешбек сеќавања преку кои Зои се присетува на брат ѝ. Режисерски, серијата користи репетитивен ритам како на рејв забави, што се повторува додека не премине во нешто друго. Секвенците речиси никогаш не се прикажани до крај, што ѝ дава посебна динамика на серијата. Барајќи ја вистината за брат ѝ, Зои всушност се пронаоѓа себе си.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе