Како би можел да изгледа новиот Samsung Galaxy S11?
Љубителите на Samsung со нетрпение го очекуваат новиот Galaxy S11, а сега се појавија и најави како би можел да изгледа новиот смартфон.
Како што пренесува Business Insider S11, смартфонот има дизајн како S10, а големината на камерата изгледа различно во однос на останатите модели на Samsung. Најзначајната шпекулација е дека камерата ќе има сензор од 108 мегапиксели.
Премиерата се очекува во феврурари 2020 година.