Како би можело да изгледа новиот PlayStation 5?

Sony сè уште се мистериозни, но гласините велат дека новата верзија на PlayStation можеме да ја очекуваме веќе следниот месец или најдоцна до крајот на годината.

Sony моментално нуди две верзии на својата следна генерација конзола PlayStation 5. Поскапата верзија на американскиот пазар чини 499 долари и доаѓа со читач на Blu-ray диск. Втората верзија, која е достапна за 399 долари, нема Blu-ray диск, па корисниците мора да преземаат игри на SSD и ги стартуваат од него. Проблемот со оваа верзија е ограничениот простор за складирање на SSD, така што бројот на игри што може да се складираат на него е ограничен.

Се чини дека Sony во иднина може да ја промени својата стратегија и повеќе да не продава две верзии на PlayStation 5, туку само една, а нивното решение е доста интересно бидејќи корисниците сепак ќе имаат можност да ја користат конзолата со и без Blu-ray слот.

Како би можела да изгледа иднината на PS5 можеме да видиме во видео објавено на платформата X. На профилот на Better Way Electronics објавено е видео од конзолата за која The Verge вели дека е PlayStation 5 Slim. За потенкиот PlayStation од новата генерација се шпекулира веќе некое време, а доколку гласините кои кружат на интернет се точни, Sony би можел да го претстави веќе следниот месец или најдоцна до крајот на годината.

Во објавеното видео можеме да го видиме препознатливиот изглед на актуелната PlayStation, но конзолата е сепак потенка, па на неа се видливи некои промени, како намален простор за вентилаторите и два USB-C слота, наместо еден за USB-C и еден за USB-A како на тековните верзии.

URL

Она што треба да биде посебна карактеристика на оваа конзола е отстранливиот Blu-ray погон. Затоа, во иднина ова би можело да стане единствената верзија на PlayStation 5, а самата конзола би се продавала по цена по која сега е достапна дигиталната верзија, односно за 399 долари. Корисниците кои сè уште сакаат да играат игри од Blu-ray ќе можат да купат посебен читач на Blu-ray диск, а цената на тој сет (самата конзола и Blu-ray диск) би можело да биде 499 долари.

Sony неодамна објави дека продале повеќе од 40 милиони конзоли од новата генерација, а доколку PS5 Slim би се појавил во продажба пред крајот на годината, не е тешко да се заклучи дека оваа конзола би можела да биде идеален божиќен подарок за многу гејмери. Засега Sony не ги коментираше овие информации.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Новооткриени цртежи покажуваат дека Сахара пред 4.000 години била радикално различно место

Читај повеќе

Microsoft подготви ривал за Google Play Store и App Store

Читај повеќе
  • play_arrow

Boston Dynamics се пофалија со новиот робот

Читај повеќе

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе