Како да ги препознаете знаците на долг ковид?

Студиите покажаа дека секоја десетта личност која заболела од COVID-19 развива симптоми на долга манифестација на болеста, но формални дијагностички препораки за потврда на долг ковид сè уште не се составени.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) и некои други здравствени установи работат на тоа, но додека некои препораки не се состават секој кој е загрижен за  своето здравје треба сам да се распраша за своите симптоми и со нив да разговара со својот лекар.

Некои симптоми се различни или слични на други болести па ни докторите не можат прецизно да ги дефинираат.

Епидемиолозите според досегашното искуство заклучија дека скоро секој телесен орган може да биде зафатен од COVID-19, но не знаат дали симптомите на долг ковид се предизвикани директно од вирусот или тие се последица од стресот и траумата што инфекцијата ги носи со себе.

Одвоени се неколку познати начини како долгиот ковид може да влијае на пациентите:

1. Зашеметеност во главата

Секој петти пациент искусил „магла во главата“ шест месеци по прележан ковид, независно дали бил или не бил хоспитализиран, покажала мета-анализа од 51 студија за ковид.

Најчесто луѓето имале проблеми со краткотрајно паметење, концентрацијата или тешкотии во наоѓање зборови во текот на разговор.

2. Умор

Дури 60% од хоспитализираните пациенти чувствувале умор и слабост во мускулите шест месеци по ковид, покажа опсежна кинеска студија.

3. Проблеми со спиењето

Секој петти пациент има проблеми со спиењето 6 месеци по болеста, покажала мета-анализата на 51 студија.

4. Губење на здивот и упорна кашлица

Ова се вообичаени симптоми кои се појавуваат од еден месец до половина година по прележан ковид, покажа студија спроведена на 73.000 американски воени ветерани.

5. Срцеви проблеми

Аритмија е вообичаен симптом 6 месеци по болеста, покажа истата студија. Овие пациенти имаат зголемен ризик од развој на болести на срцето, атеросклероза и крвни згрутчувања половина година по болеста.

6. Невролошки симптоми

Од нив страдаат третина пациенти кои се носат со долг ковид, во нив спаѓаат нарушено расположение како нервози и депресија.

7. Губење на мирисот

Третина од оние кои со ковид го загубиле осетот за мирис, тој не се вратил во текот на два или повеќе месеци, покажа американска студија.

8. Дигестивни проблеми

Во една кинеска студија, повеќе од 40% од хоспитализираните пациенти три месеци по примарната инфекција чувствувале проблеми со губење на апетитот, мачнина, рефлукс и дијареја.

9. Притисок во градите и болка во зглобовите

Ова е најчестиот проблем бидејќи се јавува кај 90% од луѓето кои страдаат од долг ковид, покажа студија. Некои од симптомите траеле и до 7 месеци.

10. Дијабетес и болести на бубрезите

Студија спроведена на американски воени ветерани покажа дека долгиот ковид носи 39 проценти поголем ризик од развој на дијабетес во текот на 6 месеци по инфекција. Зголемен е и ризикот од развој на акутни болести на бубрезите.

Останати симптоми

Пациентите кои страдаат од долг ковид пријавиле и останати симптоми коишто научниците уште не ги потврдиле со поголеми студии, а станува збор за значајно губење на косата, кожен осип, неуредни и болни менструации и зуење во ушите.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Здравје

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Read more

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Read more

Витаминска бомба против пролетен умор

Read more
 

Магазин

Пешачење 30 минути помага за слабеење, но кога е најдобро време за оваа активност?

Читај повеќе

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Читај повеќе

10 најздрави сирења, според нутриционистите

Читај повеќе

Дали знаете што е витамин N? Многу е веројатно дека сте во дефицит, како и повеќето луѓе

Читај повеќе
  • play_arrow

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Читај повеќе

Како да се ослободите од непријатните мириси во фрижидерот?

Читај повеќе

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе