Како да го „замаглите“ вашиот дом на Google Street View?

Google Street View се појави како мал прозорец кон делови од светот во кои можеби никогаш нема да ги видиме во живо, но тоа истовремено значи дека нашите домови се изложени на погледите на милиони странци ширум светот.

И за тој проблем има решение. Можете да побарате од Google трајно да ја „замагли“ вашата куќа на Street View, а целиот процес е многу едноставен.

Street View почна да функционира во 2007 година како систем што овозможува да разгледувате улици и градови насекаде низ светот. Од самиот старт се чинеше дека тоа е контроверзна идеја, а некои понекогаш бизарни фотографии разгоруваа и дискусии.

Една година подоцна, предградието на Минесота Норт Оукс донесе одлука дека не сака да биде прикажано на сервисот и по заканата со тужба Google ги тргна снимките од целото предградие.

Ова е постапката како да го „замаглите“ вашиот дом на Street View:

  1. Отворете Google Maps и напишете ја адресата на вашиот дом.
  2. Влезете во Street View mode така што ќе го повлечете човечето од долната десна страна на картата кон вашата адреса.
  3. Наместете го погледот така да се гледа вашата куќа, кликнете на Report a problem во долниот десен агол на екранот.
  4. Наместете го црвеното поле на вашиот дом и изберете My home и Request blurring.
  5. Напишете ја причината зошто сакате вашиот дом да биде „замаглен“ (blurred). На пример, наведете дека сте загрижени за вашата безбедност.
  6. Внесете ја вашата e-mail адреса и кликнете Send.

Бидете сигурни во својата одлука бидејќи кога Google еднаш ќе ја замагли куќата или зградата, тоа останува така засекогаш.

По оваа постапка очекувајте e-mail од Google во кој ќе стои дека ја прегледуваат сликата што сте ја пријавиле и дека ќе ви пратат друг e-mail откако вашето барање ќе биде решено. Можно е да ви побараат подетално објаснување за просторот што сакате да го „замаглите“, па ќе треба да ја повторите целата постапка.

Не постои конкретен рок во кој Google е обврзан да го реши вашето барање.

Истата постапка може да ја спроведете и на Bing Maps.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе