Како да препознаете добар и искрен човек?

Добриот човек може да го препознаете по една работа на лицето која покажува што се крие во неговата душа.

Секој човек има различни доблести и маани, како и различни перцепции за некој дали е добар или лош човек. Но, секако ќе се сложите дека луѓето кои имаат развиена емпатија остануваат покрај нас дури и во моменти кога ни е најтешко во животот, ни даваат поддршка и отворено покажуваат љубов и прават добри дела.

Од  многу предуслови зависи дали некоја личност ќе се покаже како добра или лоша, околностите и идеите се менуваат. Но, постојат некои особини кои тешко се менуваат и откриваат што е во нашата душа. Постои нешто што не може да се одглуми, колку и да се труди некој.

Цитат од романот „Момче“ на познатиот руски писател Фјодор Достоевски говори за тоа каков е навистина еден човек и по што ќе препознаете дали е добар.

„Ако сакате да ја препознаете душата на еден човек, тогаш не го анализирајте како молчи, ниту како зборува, ниту како плаче, ниту кога е загрижен за најблагородните идеи. Набљудувајте го додека се смее. Искрената и пријатна насмевка навистина може да укаже дека разговарате со добар човек. Јас затоа знам  дека смеењето е најсигурниот тест за една душа. Погледнете ги децата: единствено тие умеат добро да се смеат до совршенство и поради тоа се задоволни и привлечни“, напишал Достоевски.

Оваа дефиниција може да изгледа чудно за некого, но смеењето е човечка особина која не може да се одглуми, тоа е дел од нашата душа. Не може да го промените смеењето ако се смеете природно и слободно.

Но, ако на пример, некој лажно се насмее, ние веднаш го разбираме тоа и таквите луѓе ни стануваат одбивни. Исто ако и строгите и крути лица. Од друга страна, луѓето со убава, звучна или заразна смеа едноставно не освојуваат. Со нив ќе се смеете и во срцето ќе почувствувате како ви се разлева топлина.

Како што вели Достоевски, за насмевка е потребна искреност, а зар денес има искреност кај луѓето? За смеата е потребна незлобност, а луѓето најчесто се смеат пакосно. Искрената и незлобна смеа значи веселост, а зар има кај луѓето во денешно време веселост и умеат ли да бидат весели?

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Читај повеќе

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Читај повеќе

Безгрешни хороскопски знаци: Никогаш не би ја признале вината

Читај повеќе
  • play_arrow

Кружен ток не е за секој

Читај повеќе

Епизода на Jackass се снимала во Скопје?

Читај повеќе

Јагодите брзо ви скапуваат? Со една состојка ќе останат свежи до 3 недели

Читај повеќе

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе