Како дијамантските дождови од Уран и Нептун ги инспирираа научниците да направат нанодијаманти од пластика?

Со помош на пластика научниците успеаја да го реконструираат процесот на формирање на дијаманти и процесите што се случуваат длабоко во најоддалечените планети на Сончевиот Систем.

Претпоставката дека при екстремно високи притисоци и температури, водородот и јаглеродот се трансформираат во дијаманти на далечните планети како Уран и Нептун, веќе некое време ги окупира главите на научниците. Најновото истражување на оваа тема, кое беше објавено во списанието Science Advances, сега го споменува кислородот како еден од факторите во овој процес и потврдува дека т.н. дијамантски дожд е многу почеста појава отколку што се мислеше, а се случува и во внатрешноста на планетите.

Познато е дека надвор од нашиот Сончев Систем, најчести планети се џинови покриени со мраз, а новите наоди укажуваат дека дијамантскиот дожд е многу чест феномен кој се случува длабоко во нив. Сепак, научниците, како авторот на студијата и физичар Доминик Краус, веруваат дека овие типови на врнежи се различни од оние што се случуваат на Земјата.

URL

Тој објаснува дека под нивните ледени површини има „жешка и густа течност“ во која се формираат дијаманти, по што тие тонат кон јадрото на длабочина од 10.000 километри. Со други зборови, може да има дебели слоеви од овој камен долги стотици километри во внатрешноста, кои веројатно не се толку убави и сјајни како оние што можеме да ги видиме во продавниците за накит, но тие се формирани на сличен начин како оние на Земјата.

URL

Со цел да се реконструира овој процес, за целите на студијата, Краус и неговиот тим одлучиле да направат дијаманти со мешавина од јаглерод, водород и кислород од PET пластика и оптички ласер со висока моќност. Силниот и краток рендгенски блесок со висок интензитет им овозможил да го набљудуваат процесот на формирање на ситни и речиси невидливи за човечкото око, т.н. на нанодијаманти. На овој начин, експериментот потврдил дека кислородот пронајден на далечните ледени планети помага да се одвојат атомите на водород од јаглеродот.

URL

Научниците сега прашуваат: Дали открија нов начин за правење нанодијаманти?

Познато е дека нанодијамантите имаат широка примена во различни области од медицина до електроника, а за нивно производство моментално се зема куп јаглерод или дијаманти кои потоа се „разнесени“ со експлозив. Коавторот на студијата, Бенџамин Офори-Окаи, објаснува дека ласерското производство може да понуди почист и полесно контролиран метод за нивно производство.

Научниците истакнуваат дека истражувањето на дијамантскиот дожд засега останува само хипотеза која треба детално да се испита во иднина, а како една од причините го наведуваат фактот дека многу малку се знае за Уран и Нептун бидејќи тие ги претставуваат најоддалечените планети во Сончевиот Систем. Досега само Voyager 2 кон крајот на 80-тите години на минатиот век успеал да им се доближи, а податоците што ги испраќал се обработуваат и денес.

URL
реклама

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе