Како до диета без гладување?

Б.С.Б.
/ 29.12.2022 / 11:35

Додека држите диета, важно е да најдете начини за да останете сити. 

Како да не се чувствуваме гладни или екстремно уморни, додека држиме диета? Според експертите, не мора да јадете само салати, ниту пак да се откажете од благо. 

Првиот совет е да го зголемите обемот на храната. Колку е поголем волуменот на нискокалорична храна, толку е поголема ситоста по јадењето. Зеленчукот е најдобриот начин да се зголеми обемот на храната без да се внесуваат повеќе калории.

Во таа смисла се препорачуваат зелена салата, домати, краставици, кисела зелка, карфиол, брокула и пиперка. Од житарките, особено препорачливи се просо, булгур, кускус и овес, а од мешунките – леблебии, грав, леќа, боранија и грашок.

Друг совет е да се намали количината висококалорична храна. Наместо два реда, јадете две до три чоколадни коцки или ако сте љубител на путер од кикирики – просто, користете мала лажица наместо голема. Може, исто така да се побараат поздрави верзии на омилените слатки со помалку калории.

Натаму, кога послужувате храна, ставете повеќе зеленчук наспроти храната со јаглехидрати. Може барем четвртина од чинијата да биде исполнета со јаглехидрати, друга четвртина со протеини, а остатокот – со зеленчук.

Јадете повеќе супи и чорби, имаат голем обем поради големото количество вода. Така може да се намали внесот на леб и да се зголеми внесот на зеленчук.

Последниот совет се однесува на протеините, кои се важни за растот и развојот на мускулната маса, а по правило создаваат и чувство на ситост. Освен месо и риба како ослич и бакалар, најдобри извори на протеини се јајцата и свежите сирења.

Тагови
реклама

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Фит

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more
 

Магазин

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Читај повеќе

Како да ги избришете гребнатините на паркетот?

Читај повеќе

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Читај повеќе

Зависноста од шеќер е реален проблем: Кои се симптомите и како да ја надминете?

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлегендарни изгубени градови

Читај повеќе

Вечна дилема: Колку студот влијае на вкусот на пивото?

Читај повеќе

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Читај повеќе