Како до здрави очи кај лицата со дијабет и во услови на COVID-19?

Пациентите на Систина Офталмологија, за време на пандемијата, може да одат на редовни контроли и интервенции, близу до нивните живеалишта,  во модерните дијагностички центри на болницата во Битола, Тетово,  Гостивар и Штип кои работат според најстроги безбедносни протоколи. Ова ги намалува последиците од пандемијата, наметнати главно од ограниченото движење.

Истражувањата на клиниката Кливленд, покажаа дека со кризата предизвикана од пандемијата, кај пациентитe кои ги одложувале редовните и итните прегледи и интервенции,  се влошила здравствената состојба, што пак довело до многу посложени интервенции.  Најризична група се лицата со дијабетес,  зашто кај нив може да дојде до комплетно губење на видот. 

„Пациентите со дијабетес најчесто заболуваат од дијабетична ретинопатија, болест која бара внимателно,  редовно, а понекогаш и агресивно лекување.  Редовни прегледи, на четири до шест месеци, мора да се прават, за да не дојде до крварења во внатрешноста на окото или пак одлепување на ретината. Ако болеста се открие, во нејзиниот ран стадиум, може медикаментозно да се лекува, со редовна апликација на Анти-ВЕГФ инјекции интравитреално. Секако, истовремено се контролира гликемијата, крвниот притисок и маснотиите во крвта, кои се намалуваат со зголемена физичка активност.  Минатата година, ограниченото движење и поретките посети на лекарите, стресот и евентуалното прележување на вирусот ковид,  придонесоа за дополнителни компликации на и онака слабо контролираната здравствена состојба“, вели Д-р Фанка Гилевска, специјалист офталмолог од Систина Офталмологија.

За да се намалат последиците од редуцираните Анти-ВЕГФ третмани, минатата година, поради нередовно доаѓање на пациентите во болница, Систина Офталмологија ги модифицираше протоколите за третман, со соодветен распоред на примање на инјекциите со лековите Елјеа и Авастин. “Со тоа бројот на потребни посети беше сведен на минимум, а се задржа континуитетот на терапијата и се избегнуваа тешките компликации кои може да настанат ако пациентите шест месеци не примат терапија“, вели Д-р Гилевска.  

„Кај пациентите со дијабет, мора да се прави детален ретинолошки преглед,  кој подразбира проверка на видна острина, мерење на очен притисок, како и детален преглед на очното дно. Ако се забележат промени на очното дно,  се прави и оптички кохерентна томографија (ОЦТ) која дава детален увид во состојбата на жолтата пега или  макулата (центарот за јасен вид) и очниот нерв, ехографија а по потреба и  флуоресцентна ангиографија (ФФА). Состојбата мора детално да се следи за да не дојде до прогресирање, односно да се направи навремен третман на новонастанатата состојба “, вели Д-р Тодорче Јосеф, специјалист офталмолог од дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Штип.

Неконтролираната дијабетична ретинопатија, може да резултира со слепило и во светот е на врвот на причините за губење на видот.  Затоа се многу важни редовните прегледи,  веднаш по појавувањето на првите симптоми .

 „Ако дојде до пукање на ретината може да се појави крв во витреалниот простор, а нејзиното одлепување за ден или два може да стигне до центарот на видот, макулата, и пациентите нема да може ниту да читаат ниту да препознаваат други лица.  Во таков случај, неопходна е хируршка интервенција – витректомија,  која е една од најсложените микрохируршки опреции на окото и често е единствен третман за многу болести на задниот сегмент на окото “ вели Д-р Мирјана Саздовска искусен дијагностичар од болницата во Скопје и дијагностичкиот центар во Гостивар.  

За да не дојде до голем број на последици, аблацијата на ретината треба да се третира веднаш штом ќе се открие.  Во Систина Офталмологија, секојдневно од почетокот на пандемијата,  а и сега, се изведуваат сите видови на интервенции.  Според медицинскиот директор на болницата, Д-р Златко Арнаудовски, многу е важно да не се дозволи одложување на интервенциите,  за да не дојде до сериозни компликации и последици по здравјето на пациентите. 

„Во болницата се воведени организациски и безбедоносни протоколи според највисоки светски стандарди, за медицинските процедури и препораки за заштита на персоналот.  Пациентите може да се чувствуваат сосема безбедно.  Уште на почетокот на пандемијата, заради подобра комуникација, воведовме дигитални начини преку кои неитните пациентите може да се консултираат со доктор, да постават прашања, добијат совет или упатување.  На оние, на кои  им е неопходен детален преглед, интервенција или сложена хируршка операција може да дојдат  во болница “ вели Д-р Златко Арнаудовски.  

На почетокот,  луѓето се воздржувале, доаѓале само со повреди, компликации односно витректомии, проблематични катаракти. Сепак, безбедното работење на Систина Офталмологија, и протоколите што се применуваат направи пациентите да доаѓаат на прегледи, а болницата да ја продолжи редовната агенда на оперативната програма.

„Редовните контроли и терапии, пациентите може да ги остварат и во нашите дијагностички центри, во Гостивар, Тетово, Битола и Штип.  Ова беше одлично прифатено од нив, затоа што не мора да доаѓаат во главниот град,  туку таму можат да направат контрола и да примат терапија. Сите центри работат по најстроги протоколи за Covid free со што ги чуваме и пациентите, но и нашите вработени без кои ништо не можеме да постигнеме “ вели медицинскиот директор Златко Арнаудовски.

Според Д-р Александра Гочева офталмолог од дијагностичкиот центар Битола и Д-р Викторија Филева офталмолог од Скопје и дијагостичкиот центар во Тетово  кај нив може тековно да се следи состојбата на пациентот и по потреба да се интервенира во согласност со експертизата на болницата во Скопје. Ова ги намалува последиците од пандемијата, наметнати главно од ограниченото движење.

Најголемата приватна очна болница, Систина Офталмологија, продолжува да работи со несмалено темпо, според најстроги протоколи на светско ниво, секогаш ставајќи го во фокусот пациентот и неговото искуство, и користејќи најсовремена технологија и медицинска експертиза.

реклама

Како изгледаат првите Viber стикери со македонски знаковен јазик?

Read more

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Read more

Русија официјално ги прогласи САД и Чешка за непријателски држави

Read more

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Read more

Здравје

Зголемувањето на дозата на антибиотици може да „зајакне“ некои бактерии

Read more

Што ќе се случи во вашето тело ако престанете да јадете јајца?

Read more

Која храна ги ублажува менструалните болки?

Read more

Што ќе се случи во вашето тело ако престанете да јадете овошје и зеленчук?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Какви промени да очекувате ако трчате редовно цел месец?

Читај повеќе
  • play_arrow

За меки стапала - домашен спа педикир со две состојки

Читај повеќе
  • play_arrow

Принц Хари: Стисни заби и заврши си ги должностите? Не го сакав тоа

Читај повеќе

Ненаситни за секс: Хороскопски знаци со најсилно либидо

Читај повеќе
  • play_arrow

Лосос на три начини

Читај повеќе

Кои се протоколите и условите за патување и престој во Грција?

Читај повеќе

Зголемувањето на дозата на антибиотици може да „зајакне“ некои бактерии

Читај повеќе
  • play_arrow

Мислиш дека ги знаеш најпознатите лого дизајни?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да му пристапите на куче на безбеден начин?

Читај повеќе