Како гледањето колку е часот влијае врз спиењето?

Доколку имате проблеми со спиењето, веројатно веќе ги имате слушнато советите како оној дека спалната соба треба да биде темна, ладна и тивка. Но, експертите за спиење тврдат дека постои уште нешто што можете да го направите за подобар сон - од собата да ги отстраните часовниците.

Објаснуваат дека „сознанието дека е веќе 2:35 наутро“, а вие уште не можете да заспиете никако нема да ви помогне, а може само уште повеќе да ве разбуди и да ви го одложи времето на заспивање, пишува Mind Body Green.

Тоа го потврдува и истражувањето од 2007 година објавено во Journal of Behavior Therapy and Experimental Psychiatry во кое 30 луѓе со добри навики за спиење и други 30 со несоница добиле наредба една ноќ да се обидат да заспијат пратејќи или непратејќи го часовникот, како што самите ќе одлучат, со тоа што сите носеле со себе преносен монитор за пратење на спиењето.

„Во споредба со оние кои не го прателе времето на часовникот, оние кои цело време проверувале колку е часот повеќе биле загрижени и имале подолга латентност при почетокот на сонот“, рекол тогаш еден член на истражувачкиот тим и додал дека истото важело и кај оние со квалитетен сон и кај тие со несоница.

Во подоцнежна студија која се фокусирала само на оние кои лошо спијат и го проширила опсегот на истражувањето на три ноќи наместо на една, часовникот и натаму бил главен извор на загриженост, па истражувачкиот тим заклучил дека часовниците поттикнуваат грижа поврзана со спиењето и објасни дека часовникот или будилникот никако не би требало да стојат во близина на креветот.

Можеби ќе ви биде полесно да заспиете без она непрестајно отркуцување, но и помалку ќе се грижите за тоа колку дошол часот. Експертите потсетуваат и дека нашите тела се програмирани за спиење и тоа го прават инстинктивно.

„Ако минат повеќе од 20 минути и сѐ уште сте будни, станувањето да правите нешто друго додека не осетите дека сте поуморни може да помогне. На тој начин нема креветот да го поврзувате со несоница и ќе остане ваша зона за одмор; но, немојте ни кога ќе излезете од собата да проверувате колку е часот“, советува психологот Елен Вора.

Нормално, не треба ниту часовникот на вашиот мобилен телефон да го проверувате. Всушност, мобилниот воопшто и не треба да го допирате штом си легнете.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе