Како изгледа колекцијата од луксузни автомобили на Роналдо?

Проценетата вредност на сите автомобили на Роналдо изнесува 7,7 милиони евра.

Неговиот најнов автомобил е Mercedes AMG G63 кој го доби како роденденски подарок од неговата девојка Хеорхина Родригез.

Колекцијата на автомобили на Роналдо е толку голема што тој има обезбедено неколку гаражи- пет во Мадрид, две во Лисабон и една огромна гаража во неговата вила во Торино.

Оваа неверојатна колекција на автомобили сведочи за тоа дека Роналдо живее навистина брз живот и не се лишува од задоволства.

Какви автомобили поседува?

Lamborghini Aventador (308.000 евра)

Роналдо го купи овој автомобил во 2016 година додека играше за Реал Мадрид. Тој го поседува моделот од 2011 година кој вреди околу 308.000 евра, а моторот има 515 коњски сили.

Bugatti Chiron (2,2 милиони евра)

Bugatti произведе само 500 модели од Chiron, а еден од сопствениците е и Роналдо.

Моторот на овој ѕвер има 1.500 коњски сили и може да развие максимална брзина до 420 км/ч.

Роналдо го купи овој автомобил во 2017 година, а неговиот модел има и персонализиран наслон за глава на кој пишува CR7.

Bugatti Veyron (2 милиони евра)

Бидејќи еден Bugatti не е доволен. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед го купи својот Veyron вреден 2 милиони долари во текот на 2016 година.

Овој модел има 1.000 коњски сили, и може да достигне максимална брзина од 400 км/ч, а од 0 до 100 км/ч забрзува за 2,6 секунди.

Mercedes AMG GLE 63 (150.000 евра)

Роналдо се поднови со овој модел на Mercedes откако ја освои Златната топка во 2016 година.

Овој автомобил има 612 коњски сили и максимална брзина од 250 км/ч.

Porsche Carrera 911 Turbo S (166.000 евра)

Роналдо го купи овој нов автомобил два дена откако Лео Меси ја освои Златната топка. Овој модел е најскапоцен во својата категорија и има мотор од 580 коњски сили.

Range Rover Sport (119 000 евра)

Роналдо на тренингот со Јувентус доаѓа со својот Range Rover.

McLaren Senna

Од овој автомобил се направени само 500 модели. Овој брз автомобил има 800 коњски сили, максимална брзина од 335 км/ч, а до 100 км/ч забрзува за само 2,8 секунди.

Chevrolet Camaro(42.000 евра)

Camaro има 6,2-литарски V8 мотор кој испорачува 453 коњски сили.

Ferrari F12 TDF

Ова е еден од неговите најомилени автомобили. Моделот F12 TDF е произведен само во 799 примероци.

Овој автомобил го купи во 2017 година, а од него може да се пофали со 780 коњски сили и максимална брзина до 340 км/ч.

Rolls Royce Cullinan (391.000 евра)

Cullinan е единствениот теренец кој го произведе Rolls Royce и вреди околу 391.000 евра.

Роналдо ја има персонализираната црно-бела верзија од овој автомобил.

Автомобилот има 571 коњски сили и V12 мотор.

Роналдо ги одржува неговите автомобили. Секако, доколку заработувате 4,5 милиони евра месечно, може да купите што ќе посакате.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Read more

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе
  • filter

5 евтини додатоци кои секој треба да ги има во автомобилот

Читај повеќе
  • filter

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Читај повеќе