Како изгледа планета оддалечена 400 светлосни години од Земјата?

На нешто повеќе од 400 светлосни години од Земјата се наоѓа една млада егзопланета. Тоа само по себе не е толку необично. Научниците досега откриле илјадници егзопланети, или планети надвор од Сончевиот Систем.

Но, она што ја прави посебна оваа далечна планета е тоа што астрономите добија директна слика за неа, што е многу редок случај. Имено, планетата 2M0437b е една од најмладите егзопланети од која имаме директна слика.

„Со анализа на светлината што доаѓа од оваа планета, можеме да научиме нешто за нејзиниот состав, а можеби и за тоа каде и како настанала, во одамна исчезнатиот диск од гас и прашина што се формирал околу нејзината матична ѕвезда“, вели астрономот Ерик Гаидос од Универзитетот на Хаваи во Манои.

Директно и индиректно набљудување на далечни планети

Постојат неколку причини зошто е тешко да се добие директна слика на егзопланета. За разлика од ѕвездите околу кои орбитираат, овие планети се многу мали и со мала осветленост, што значи дека обично се премногу темни за да се видат со нашата сегашна технологија.

Затоа, научниците генерално откриваат егзопланети на индиректен начин, врз основа на нивниот ефект врз нивните ѕвезди. Ако егзопланета помине меѓу нас и ѕвезда за време на нејзината орбита, тогаш можеме да регистрираме мали, периодични промени во нејзината светлина.

Освен тоа, егзопланетата има и слаб гравитациски ефект врз ѕвездата, што таа по малку се „ниша“, односно предизвикува мало поместување на брановата должина на нејзината светлина, пишува Science Alert.

Овој вид на индиректно набљудување на егзопланетите е најлесно ако планетата е многу голема и ако е блиску до ѕвезда, така што повеќето потврдени егзопланети се масивни и во блиски орбити.

Колку е голема 2M0437b?

Егзопланетата 2M0437b е прилично голема, но е и доста оддалечена од својата ѕвезда - на околу 100 астрономски единици (Плутон е оддалечен околу 40 астрономски единици од Сонцето). Обично егзопланетите што се далеку од нивната ѕвезда се премногу студени за да испуштаат инфрацрвено зрачење, но овде тоа не е случај поради младоста на самата планета.

Бидејќи е стара само неколку милиони години, оваа планета е сè уште релативно топла (1.127 до 1.227 степени Целзиусови) поради интензивните процеси што се случуваат при нејзиното формирање. Ова значи дека можеме да ја видиме иако е оддалечена 417 светлосни години од нас.

Научниците ја регистрираа во 2018 година користејќи го телескопот Субару на Хаваи, а подоцна го набљудуваа во инфрацрвено зрачење преку опсерваторијата W. M. Keck.

Студијата Zodiacal Exoplanets in Time (ZEIT) XII: A Directly-Imaged Planetary-Mass Companion to a Young Taurus M Dwarf Star наскоро треба да биде објавена во Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе