Како изгледаше изградбата на највисоката зграда во светот?
Највисоката зграда во светот, Бурџ Халифа, која се наоѓа во Дубаи е главна атракција за туристите. Облакодерот има 160 ката. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010. За изградбата на Бурџ Халифа се потрошени 1,35 милијарди евра, а официјалното отворање беше проследено со неверојатен огномет. Во градењето на Бурџ Халифа или Бурџ Дубаи работеле 12.000 работници секој ден, кои заедно одработиле дури 22 милиони работни часа.
Погледнете го видеото за да видите како се градеше највисоката зграда во светот.