Како Крис Бош доби 52 милиона за да не игра: 6 години му плаќаа за да седи дома

Крис Бош конечно го доби својот последен чек од тимот на Мајами Хит.

Крис Бош штотуку ја подигна својата последна НБА плата, 6 години откако престана да игра кошарка. Некогаш сјајниот крилен центар кој во кариерата настапуваше за Торонто Репторс и Мајами Хит, сега ја доби последната рата од 434.393 долари. Мајами повеќе нема да го плаќа. Од 2017 година кога беше официјално отпуштен од Мајами, Бош добиваше речиси милион долари месечно, т.е. две месечни рати од по 434.393 долари.

Откако освои две титули заедно со Двејн Вејд и Леброн Џејмс, славното трио се распадна, по што Леброн замина во Кливленд Кавалирс. Тоа отвори простор за 118 милиони долари, колку што изнесуваше 5-годишниот НБА договор на Бош.

Меѓутоа, наскоро се појавија проблеми со здравјето, а по Олстар натпреварот од 2015 година Бош беше примен во болница каде му открија крвно згрутчување во белите дробови. Поради тоа од февруари 2015 до крајот на сезоната беше надвор од терените.

Бош, Леброн е Вејд

Се врати на почетокот од наредната сезона, почна да игра одлично, но згрутчувањето повторно му се појави за време на олстар паузата во 2016 година. Клубот го натера да замине на лекување, па повторно го пропушти вториот дел од НБА сезоната. На крајот официјално беше отстранет од тимот во 2017 година, а НБА му дозволи на Мајами неговиот договор да не влегува во клупскиот селари кап. Оттогаш доби 120 плати од Мајами Хит со вкупна вредност од 52.127.160, додека дури и подолго од тоа не играше - од почетокот на 2016 година.

Долго не можеше да се помири со одлуката на лекарите дека не може повеќе да настапува во НБА, се обидуваше да се врати, за потоа во февруари 2019 година официјално да објави дека се повлекува од кошарката и дека нема да продолжи со обидите да се врати на паркетот. Во март истата година Мајами Хит во негова чест го повлече дресот со број 1 кој тој го носеше.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе