Како начинот на живот на бабите и дедовците влијае на здравјето на внуците?

Научниците тврдат дека одредени хемиски ознаки врзани за клучни делови од генетската секвенца можат да се менуваат под влијание на надворешни фактори и да се пренесуваат на потомството.

По откривањето на ДНК молекулите, научниците долго време сметаа дека само кај нуклеиската киселина може да се влијае на наследувањето гени. Денес е познато дека хемиските ознаки врзани за клучни делови од генетската секвенца не влијаат само на начинот на кој гените се читаат, туку и дека можат да се менуваат под влијание на околината и да се пренесуваат на наредната генерација.

Иако е очигледно до какви промени доаѓа за време на овој процес, нивните механизми сѐ уште не се познати. Молекуларниот биолог Сузан Стром од Универзитетот во Санта Круз вели дека резултатите од најновото истражување спроведено од нејзиниот тим укажуваат на тоа дека постои причинско-последична врска помеѓу маркерите на хистонините кои се пренесуваат преку спермата и генската скпресија која се развива кај потомството. Иако од скоро се сметаше дека повеќето од овие епигенетски модификации се „бришат“ по оплодувањето, со цел да се обезбеди нормален развој на детето.

Колкаво е влијанието на идните генерации

Истражувањето врз животни сугерира дека некои од епигенетските промени можат да избегнат репрограмирање и потоа да пренесат информации на наредедните три генерации, пишува Science Alert. Научниците до овој заклучок дошле откако извадиле хистон од хромозом на сперма, а потоа со неа оплодиле јајце клетка која имала потполно обележани хромозоми. Потоа ги анализирале нивоата на генска експресија кај потомците, врз основа на што востановиле дека хромозомите наследени од таткото не се потиснати. Ова се спротивставува на некои претходни нистражувања кои укажуваа на тоа дека начинот на исхрана на бабите и дедовците влијае на здравствената состојба на нивните потомци, но и дека здравјето на мајките може да доведе до хемиски промени во ДНК-та кај децата, што подоцна во животот ќе влијае врз нивното здравје.

Сепак, истражувањата на луѓето кои ја анализираат директната врска помеѓу здравјето на родителите - епигенетски промени - покажале дека здравствена состојба на потомството практично и да не постои. Научниците истакнуваат дека причината за тоа е што е многу тешко да се раздвои влијанието на епигенетските од генетските маркери и влијанието на културата и општеството, како и дека студиите на животни се многу корисни за разјаснување на овие ефекти.

Тагови
реклама

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе