Длабоко во пустината Аризона, астронаутите учат како да се движат на Месечината бидејќи НАСА планира таму да ги врати луѓето до 2024 година. Како го прави тоа?
Организирани се проекти на Земјата, поточно длабоко во пустината Аризона, каде астронаутите тестираат опрема и нов лунарен ровер.
Заедничкиот тим за тестирање EVA (Extravehicular Activity) ја имитира планираната мисија Artemis III за 2025 година на јужниот пол на Месечината, каде што астронаутите ќе се соочат со различни предизвици.
Астронаутите вежбаа под слабо осветлување и симулираа слетување на јужниот пол на Месечината, пишува New Scientist.
Истовремено, ги тестираа и пробаа новите вселенски одела, користеа алати за собирање примероци и вежбаа „чекорење на Месечината“ по тешкиот пустински терен.