Како настанала, растела и паднала Киевска Русија?

Историските податоци велат дека за време и непосредно по владеењето на Јарослав Мудриот, Киевска Русија била најголемата европска земја во своето време.

Потеклото на државата и самото име Киевска Русија сѐ уште е предмет на дебата меѓу историчарите. Всушност, правилното име е Киевски Рус, но кај нас прифатено е и Киевска Русија. Според официјалниот извештај, „Историјата на минатите години на најстарата руска хроника“, напишана кон крајот на XI и почетокот на XII век во манастирот Печерск во близина на Киев, ја основал Викингот Олег Пророкот, (најверојатно) братот на варангискиот водач Рурик, кој ја добил контролата над Ладога во 862 година и ја изградил населбата Холмгард во близина на денешен Новгород.

Олег Пророкот бил владетел на Новгород од околу 879 година. Во 882 година ги зазел и Смоленск и Киев, а поради стратешката положба на реката Днепар, го претворил Киев во престолнина на Киевски Рус. Проширувајќи ја својата моќ, Олег ги обединил локалните словенски и фински племиња, ги поразил Хазарите и во 911 година склучил трговски договори со Константинопол.

Олег Пророкот во серијата „Vikings“ го глумеше рускиот актер Данила Козловскиј

Наследникот на Олег, Игор, кој се смета за основач на династијата Рурик, која давала руски владетели до XVII век, бил помалку способен од неговиот вујко. На пример, договорот што тој го склучил со Константинопол во 945 година содржел услови кои биле понеповолни од оние од 911 година.

Игор (десно) во серијата „Vikings“ го глумеше ирскиот актер Оран Глин О'Донован

Во своите списи византискиот цар Константин VII Порфирогенит ги опишал трговските обичаи во Киевски Рус во тоа време. Во текот на зимата киевските принцови ги посетувале соседните племиња за да соберат данок, кој се состоел од крзно, пари и робови. Кога ќе дошла пролетта ја товарале својата стока во мали чамци и ја пренесувале преку Днепар во конвој за да ги обесхрабрат нападите на номадските степски племиња. Нивната крајна дестинација била Константинопол, каде што нивните трговски права биле строго дефинирани со договор.

Религија

Синот на Игор, Свјатослав (наместо кого од 945 до 963 година како регент владеела неговата мајка Олга) бил последниот од киевските кнезови кој се придржувал до скандинавските традиции. Откако Владимир I ја презел власта (во 980 година, откако го убил Свјатослав), лозата на Рурик преминала во христијанство, а потоа била покрстена и цела Киевска Русија.

Владеењето на Владимир го најавило почетокот на златното време на Киевски Рус, но тогашниот сјај почивал на нестабилна основа, бидејќи врската меѓу државата и нејзините поданици била лабава. Затоа Владимир бил наречен Велики.

Данила Козловскиј го глумеше и ликот на Владимир Велики во рускиот филм „Викинг“

Единствената алка која дотогаш ги обединувала освоените племиња била моќта на големиот кнез од Киевски Рус. Народот ѝ плаќал даноци на државата, а за сè останато бил речиси целосно оставен на себе и така можел да ги зачува своите традиционални структури и навики.

Настан од големо значење за време на владеењето на Владимир било неговото прифаќање на православната христијанска вера во 988 година. Преобраќањето дошло по сојузот со византискиот император Василиј II, кој му ја ветил раката на својата сестра во замена за воена помош и прифаќање на христијанството. По потиснувањето на традиционалните верски обичаи во Киев и Новгород, започнало ширењето на византиските обреди низ целата земја.

Падот на Киевски Рус

По смртта на Владимир во 1015 година следел период на неизвесност поради братоубиствените битки. Најстариот преживеан син на Владимир, Свјатополк, убил тројца негови браќа и ја презел власта во Киев. Тогаш преживеаниот брат Јарослав, гувернерот на Новгород, со поддршка на новгородците и помош на платениците Викинзи го победил Свјатополк и станал голем кнез на Киевски Рус во 1019 година.

За време на владеењето на Јарослав Мудриот, Киев станал политички и културен центар на Источна Европа. Јарослав го разубавил својот главен град со катедралата Света Софија, црква изградена во византиски стил која е зачувана до денес. Јарослав собирал и книги кои ги давал на превод. Ги поддржувал свештенството и манастирите, а го основал и првото училиште.

Историските податоци велат дека за време и веднаш по владеењето на Јарослав Мудриот, Киевски Рус бил најголемата европска земја во своето време.

Територијата на Киевски Рус во својот врв

Во обид да го запре семејното крвопролевање во кое и самиот учествувал за да дојде на власт, Јарослав вовел наследен едикт, но тој сепак верувал дека територијата на Киевски Рус како целина му припаѓа на неговото семејството.

Неговиот указ немал траен ефект. По смртта на Јарослав во 1054 година неговите синови продолжиле да се борат меѓу себе.

Титулата големиот кнез на Киевски Рус го изгубила своето значење, а монголското освојување во XIII век ставило крај на моќта на Киевски Рус.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе