Како почна, а како заврши: Претседателството на Трамп

Фотографиите од срцето на американската демократија се доказ за наследството на американскиот претседател во заминување како симпатизер на белите супрематисти.

Тоа дождливо утро на 20 јануари 2017 година, Доналд Трамп стана 45-тиот претседател на Соединетите Американски Држави со положување заклетва во Капитол Хил.

Неговата инаугурација беше проследена со насилство, кое прерасна во немири низ целата земја.

Четири години подоцна, когаТрамп е на излегување, Капитол Хил – на неколку минути пешачење од Белата куќа - беше сцена на насилни судири откако стотици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата што е седиште на Конгресот на САД, во обид да го оспорат мирниот трансфер на власта.

Починати и уапсени на протестите

На 6 јануари 2021 година, демонстрантите го прескокнаа ѕидот на западната страна на Капитол и кршеа прозорци, што резултираше со вооружен судир со стражарите.

Најмалку четири лица починаа, а 52 се уапсени.

Четири години порано на истото место, Трамп им аплаудираше на претседателот во заминување Барак Обама и првата дама Мишел Обама, за „нивната великодушна помош за време на таа транзиција и уредниот и мирен трансфер на власта“.

Симболи на Конфедерацијата

Трамп во средата им се обрати на своите приврзаници пред Белата куќа и ги повтори неоснованите тврдења дека бил ограбен на изборите.

Подоцна во текот на денот, Конгресот на САД ја потврди победата на Џо Бајден.

Трамп подоцна ги повика своите приврзаници да си одат дома, но исто така ги пофали дека се „посебни“ додека ја изразува својата „љубов“ кон нив.

Меѓу толпата што вееше разни знамиња беше и знамето на Конфедерацијата, кои ги симболизираа јужните држави кои се бореа во американската граѓанска војна и се обидуваа да се отцепат од Унијата.

Тоа е симбол поврзан со „надмоќта на белата раса“, симбол што Трамп сè повеќе го потенцира од изборите во 2017 година.

Протести низ целиот свет

Во 2017 година, илјадници луѓе протестираа против Трамп во градовите низ САД и светот, изразувајќи отпор кон новиот претседател и неговата политика.

Иако демонстрациите беа мирни, некои демонстранти беа насилни.

Оттогаш, САД се сведоци на некои од најголемите протести, вклучително и движењето Black Lives Matter кое беше покренато по смртта на Џорџ Флојд, невооружен Афроамериканец, кој почина на 25 мај 2020 година, при насилно апсење.

Напади врз медиумите

Откако ја презеде функцијата, Трамп го обинуваа за напади врз медиумите, чии известувања ги нарекуваше „лажни вести“ и ги прогласуваше за „непријатели на народот“.

Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) во 2020 година соопшти дека „нападите на администрацијата на Трамп врз кредибилитетот на медиумите опасно ги поткопаа вистината и консензусот во длабоко поделената земја“.

Во средата, приврзаниците на Трамп ја разбија телевизиската опрема на Associated Press, новинска агенција која ги следеше настаните пред Капитол.

Локалните медиуми објавија дека еден од демонстрантите на влезната врата од Капитол ги врежал зборовите „смрт на медиумите“.

Повикување на 25-тиот амандман

На американскиот претседател му остануваат 12 дена од претседателствувањето, пред Џо Бајден да положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави.

Пред тоа има сè повеќе повици за смена на Трамп и повикување на 25-тиот амандман, што може да го прогласи за неспособен за извршување на претседателската функција.

Во писмото потпишано од демократските членови на Комитетот за правосудство во Претставничкиот дом се вели: „Претседателот Трамп покажа дека не е психички стабилен и дека сè уште не е во состојба да ги процесира и прифати резултатите од претседателските избори во 2020 година“.

реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Read more

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Read more

Фицо опериран, се очекува да преживее - министрите ги обвинија новинарите за атентатот

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе